Кина сакала да инфилтрира шпион во парламентот во Австралија

Австралија ги истражува наводите за тоа дека Кина се обидела во нивниот парламент да инфилтрира свој шпион, соопштиле од Австралиската известувачка служба ASIO.

Австралиската агенција, која, како што пренесува „Ројтерс“, ретко ги објавува своите соопштенија, сега истаканала дека сериозно ги истражува ваквите наводи.

Агенцијата издала соопштение откако една од тамошните телевизии објавила дека Кина наводно му понудила 679.000 долари вредна продавница за луксузни автомобили на Бо Ник Зао, за да се кандидира за пратеничко место во федералното собрание на Австралија.

„Ројтерс“ пренесува дека Зао во март е пронајден мртов во соба во мотел во Мелбурн. Како што пренесува „Ројтерс“ официјалните лица во кинеската амбасада во Камбери не биле достапни за коментар за ваквата афера.

Директорот на ASIO Мајк Бурџис изјавил дека официјалните претставници на агенцијата, биле свесни за овие наводи, уште пред да бидат објавени на телевизија и дека веќе почнале да ги истражуваат.

Текстот Кина сакала да инфилтрира шпион во парламентот во Австралија е превземен од Reporter.mk.