Кина станува вселенска суперсила благодарение на Хилари Клинтон

Анонимна група Q позната како QAnon, поврзана со администрацијата на претседателот Доналд Трамп и американската воена известувачка служба, тврди дека поранешната државна секретарка, Хилари Клинтон организирала продажба на класифицирани податоци од нејзиниот приватен сервер.

QAnon тврдат дека Клинтон намерно ги оставила овие податоци да бидат подложни на хакирање од странски субјекти. Од оваа групација наведуваат дека меѓу тие странци се наоѓаат и кинеските безбедносни служби, кои успеале да дојдат до класифицирани податоци и материјали од „Специјална пристапна програма“ (Special Access Programs) и „Чувствителни одделени информации“ (Sensitive Compartmented Information).

На тој начин Кина се запознала со напредната технологија со која американската војска работи во вселената. Од QAnon наведуваат дека постојат документирани докази дека Клинтон имала пристап до доверливите информации за вселенска технологија, што било и тема за која се пишувало во нејзините мејлови.

Меѓу останатото, податоците говорат за средби на американската војска со НЛО (вонземјански летала), но конечната цел на Хилари Клинтон било да и овозможи на Кина да го премости технолошкиот јаз и да стане вселенска сила посилна од САД.

Претседателот Доналд Трамп објавил твит во 2018 година, во кој не ја обвинил Клинтон, туку Кинезите.

„Мејловите на Хилари Клинтон, од кои голем дел од нив се класифицирани податоци ги има хакирано Кина. Би било добро следниот потег да го превземат Федералното биро за истражување и Министерството за правосудство. Во спротивно, целиот нивен кредибилитет, засекогаш ќе исчезне“, напишал Трамп.

Повеќето аналитичари заклучуваат дека станува збор за „валкана војна“, меѓу демократите и републиканците во која не се бираат средства. Оттука не зачудуваат, ваквите „бизарни обвинувања“ дека Трамп се обидува да го помести фокусот на јавноста од истрагата за руската вмешаност во претседателските избори во 2016 година.

 

 

Текстот Кина станува вселенска суперсила благодарение на Хилари Клинтон е превземен од Reporter.mk.