Kинески студент киднапиран во Канада, мотивите непознати за полицијата

Дваесет и двегодишниот Вангцен Лу, студент од Кина бил киднапиран во Канада. Канадската полиција изјавила дека студентот прво бил намамен од страна на девојка, а потоа присилно бил пикнат во комбе со украдени регистарски таблици.

Лу се наоѓал во подземна гаража во моментите кога четворица маскирани напаѓачи го киднапирале на 23 март. Полицијата сега објавила негова фотографија, очекувајќи дека на тој начин побрзо ќе дојдат до негово пронаоѓање.

Мотивот на киднаперите засега не е познат, но порпаролот на канадската полиција изјавил дека студентот е киднапиран со прилично високо ниво на насилство.

Лу бил во придружба на женска личност која влегла со него во гаражата околу шест часот попладне. Тогаш му се приближиле тројца маскирани мажи, го нападнале и со сила го внеле во црното комби, со марка „доџ караван“, кој било управувано од четврт човек.

Полицијата вели дека киднаперите се фокусирале исклучиво на Лу, додека неговата пријателка не била повредена.

„И полицијата и семејството се многу загрижени за него и мораме да го пронајдеме колку е можно побрзо“, изјавил портпаролот на полицијата.

Текстот Kинески студент киднапиран во Канада, мотивите непознати за полицијата е превземен од Reporter.mk.