Кој му го плати одморот на Борис Џонсон и неговата вереница

Одборот на британскиот парламент покрена истрага за луксузниот омдор на премиерот Борис Џонсон на Карибите за да утврди од каде извираат финансиите и кој истиот му го има платено, пишуваат британските медиуми.

Истрагата почна на почетокот на минатата недела, пишува бритнскиот медиум „Обзервер“. Џонсон и неговата вереница Кери Сајмондс ги проверува новогодишните празници на приватниот остров Мистик, на архипелагот Гренадини во Карпиското море.

Британскиот премиер претходно навел дека одморот му го платил бизнисменот Дејвид Рос, кој е и донатор на неговата Конзервативна партија и истиот го чинел 17.300 евра.

Рос, на почетокот негираше дека му дал пари на Џонсон, тврдејќи дека не поседува вила на Карибите и дека само му помогнал на Џонсон да го организира аранжманот.

Неговиот портпарол подоцна изјави дека станува збор за плаќање во натура. Опозиционите лабуристи побарале од одборот да покрене истрага, а британската влада досега се нема огласено по ова прашање.

Текстот Кој му го плати одморот на Борис Џонсон и неговата вереница е превземен од Reporter.mk.