Компанијата „Вивос“ ги покажа најлуксузните бункери за преживување на апокалипса

Припадници од елитата кои се плашат од масовните граѓански немири кои се случуваат низ светот се во масовна потрага по луксузни бункери под земјата за преживување. Од компанијата „Вивос“, која стои зад изградбата на ваквите бункери велат дека истите ги прават да бидат отпорни од моќни бомби.

Службите во компанијата вели дека ваквите објекти служат за заштита на моќни поединци со многу пари, а стапуваат во функција во случај на апокалиптични сценарија во кои милиони луѓе можат да исчезнат, а оние кои ќе преживеат ќе бидат жртви на секојдневието и ќе бидат во постојана борба за опстанок.

Најголемиот објект под името „Европа1“ се наоѓа во Германија и претставува еден од најзначајните масовни подземни засолништа за опстанок на Земјата, длабоко под карпестите планини. Ќе бидат осигурани од јавноста, зад затворени и безбедни ѕидови и непробојни врати.

Новинарката Лин Парамор, изјавила дека посетила и некои други бункери на други локации како Индијана, кои се наоѓаат на поранешниот комуникациски објект направен во добата на Студената војна.

„Изграден е во периодот на Студената војна и може да издржи 20 мегатонски експлозии. Се простира на неколку километри. Подземниот комплекс може да прими 80 лица. Луѓето во него ќе можат да живеат најмалку една година, без потреба да излезат на површината“, се наведува во промотивната реклама за бункерот на сајтот на „Вивос“.

„Бункерите се градат за богатите луѓе кои се загрижени поради разни катастрофални сцениарија, но заедничка тема меѓу нив е стравот од граѓанските немири, стравот од дигање револуции на оние 99% од обичниот народ. Поединци во некои од подземните бункери, кои доаѓаат со залихи со храна и вода, се подготвени да одвојат и до 3 милиони долари. Почетната цена за обичните понелуксузни засолништа е 35.000 долари“, велат од „Вивос“.

 

Текстот Компанијата „Вивос“ ги покажа најлуксузните бункери за преживување на апокалипса е превземен од Reporter.mk.