Кралското семејство ја прислушкува полусестрата на Меган Маркл?

Саманта Грант Маркл полусестрата на војвотката од Сасекс Меган Маркл, повторно се најде во ценатрот на вниманието кај медиумите, откако јавно изјави дека била прислушкувана.

Саманта на социјалните мрежи ја сподели загриженоста дека е следена од луѓе блиски до кралското семејство.

Тие седат во комбе во близина на нејзиниот дом и се обидуваат да го прислушкуваат нејзиниот мобилен. Таа стравува дека истите луѓе и ја снимаат.

„Ако поставиле камери во мојата куќа, ќе им ја покажам задницата“, напишала Саманта која не крие дека стравува за својот живот.

Сестрата на Меган е честа тема на новинарите поради зачестестените напади упатени кон војвотката. Откако Меган се омажи за принцот Хари, нејзиното семејство не сака да ја остави на мира.

Татко и Томас (73) редовно дава изјави во медиумите кои потоа се шират низ целиот свет. Од мај се изредија голем број на скандали поврзани за семејството Маркл.

Саманта неодамна го прозва принцот Хари и го нарече слаб, затоа што ја пуштил Меган да ги оддалечи сите блиски луѓе од нејзиниот живот.

„Дијана би се срамела да го види ова. Стани машко и прекини да го носиш нејзиниот накит, а на Меган да и забраниш да носи панталони“, напишала Саманта во еден од своите бројни постови, каде плука по нејзината полусестра и нејзиниот избраник.

 

 

Текстот Кралското семејство ја прислушкува полусестрата на Меган Маркл? е превземен од Reporter.mk.