Ловец на НЛО тврди дека поседува череп на вонземјанин

Ли Jинмин (55), кинески писател на научна фантастика и аматерски ловец на НЛО, тврди дека пронашол остатоци од вонземјански череп. Своето откритие Ли го претставил на семинар во Пекинг.

Черепот бил со кафеава боја и со пречник од околу 16 сантиметри. Имал два слоја. Ли черепот го добил од уличен продавач во кинеската провинција Монголија, а претходно го поседувал приватен колекционер.

Продавачот забележал илустрација на вонземјанин во еден од Романите на Ли, кој многу наликувал со черепот кој тој го имал. Ли по 4 месеци испитување, тврди дека черепот е со вонземјанско потекло, но дека сепак не направил ДНК тест за да може тоа да го докаже. ДНК анализата вели дека би го чинела 100.000 јуани.

Иако многумина го имаат исмеано на социјалните мрежи, тој е убеден дека се работи за вонземјанин. Други пак во коментарите на социјалните мрежи тврдат дека ова е доказ дека вонземјаните некогаш живееле на Земјата.

Текстот Ловец на НЛО тврди дека поседува череп на вонземјанин е превземен од Reporter.mk.