Луѓето, како и вонземјаните пред нив, ќе исчезнат поради климатските промени

Најновите откритија на неколку астрофизичари од Њујорк покажуваат дека во минатото планетата била населена од вонземјани, а како една од можностите за нивното исчезнување биле климатските промени. Астрофизичарите велат дека човештвото е осудено на слична ваква судбина.

Адам Френк, професор по физика и астрономија од Универзитетот во Рочестер во Њујорк, заедно со своите соработници симулирал четири можни сценарија за крајот на цивилизацијата.

Во три сценарија резултатите биле апокалиптични, односно се случува масовно исчезнување на човечката популација.

Во четвртото сценарио мал дел од популацијата општествениот систем го има претворено во одржлив извор на енергија. Истиот настанал кога цивилизацијата ја препознала штетата што ја предизвикале на планетата.

„Последното сценарио е најстрашно“, вели Адам Френк.

„Дури и ако сте ја направиле вистинската работа, сепак поради долгиот период на непреземање никакви акции, на крајот доаѓа до пропаст на целата човечка цивилизација.

„Видете ги климатските промени во симулацијата што ја имаме направено. Научниците со кои соработувам направија упростена верзија на тоа што сега се случува и што нѐ очекува во иднина. Затоа и почнавме со реализација на ваквите симулации“, објаснува Френк.

Трите сценарија до апокалипса

Френк ги зел Велигденските Острови како класичен пример за тоа што може да очекуваме во иднина.

Многу студии покажуваат дека жителите на Велигденските Острови ги исцрпуваат своите ресурси, што доведува до глад и уништување на цивилизацијата на островот.

Во првото симулирано сценарио цивилизацијата на жителите расте во кус временски период. Потоа преминува во категоријата нагло опаѓање на населението како резултат на тоа што необновливите извори се исцрпени, а температурите се во постојан раст. Сето тоа го прави преживувањето сѐ потешко и потешко.

Во второто сценарио популацијата и глобалната температура растат со забрзано темпо, а потоа се намалуваат кога цивилизацијата ќе го препознае реципроцитетот на управувањето со ресурсите и влијанието на природата.

И третото и четвртото сценарио астрофизичарот Френк ги нарекува колапс. Тука и популацијата и температурата на планетата драматично се зголемуваат за кусо време. Но, и во овој дел на симулацијата, кога луѓето ќе почнат да умираат поради недостиг на основни ресурси, на крајот ќе нема преживеани.