Милијардерот Ричард Бренсон ќе истражува што се крие во сината дупка во Белизе

Екипа на научници, меѓу кои и сопственикот на компанијата „Вирџин“, милијардерот Ричард Бренсон, ќе ја истражуваат повторно големата сина дупка што ја откриле во Белизе.

Бренсон вели дека станува збор за најголемата светска дупка, со пречник од 300 метри и длабочина од 125 метри. Меѓу членовите на екипата биле Фабијен Кусто, внук на славниот француски подводен истражувач Жак Кусто.

Жак е човекот којшто во 1971 година ја открил сината дупка. Експедицијата почнала со работа во декември 2018 година, а планот им бил да откријат што точно се наоѓа на дното.

Експедицијата со две подморници направила фотографии и снимки од внатрешноста на дупката и направила 3D сонарна мап, од тоа што се наоѓа внатре.

„Направивме комлетна сонарна мапа од 360 степени. Со сонарот успеавме да ја скенираме целата дупка длабока 300 метри“, изјавила Ерика Бергман, која работи како пилот, океанограф и оперативен менаџер на мисијата.

Бергман вели дека досега имаат откриено невидени сталактики, минерални формации во облик на лед, кои се наоѓаат на околу 120 метри длабочина.

„На длабочина од 20 до 30 метри од сталактиката и ѕидовите можат да се видат сите детали, а во длабочините нема кислород и не постои никаков живот“, изјавила Ерика.

Екипата не можела да ги идентификува сите работи што ги пронашла на дното на дупката. Бергманова вели дека тие ќе останат отворени за интерпретација.

 

Текстот Милијардерот Ричард Бренсон ќе истражува што се крие во сината дупка во Белизе е превземен од Reporter.mk.