Момче од иднината тврди дека ЕУ ќе стане една држава

Момчето кое се претставува како Ноа ѝ кое тврди дека патува низ времето, а во сегашноста стигнал од 2030 година вели дека во блиска иднина, Европската унија ќе стане една голема држава.

Ноа вели дека Велика Британија повторно ќе биде дел од Европската унија.

„Имам многу да ви зборувам за тоа. Прво, Велика Британија ќе се врати во Европската унија“, тврди Ноа.

„Европската унија ќе стане една голема држава која ќе биде создадена од сите членки држави. Велика Британија ќе стане еден вид на покраина во таа држава“, вели Ноа.

Тој вели дека сите држави во ЕУ, вклучувајќи ги и Германија, Шпанија, Франција и Данска, ќе се приклучат и ќе ги избришат своите досегашни граници.

Со настанувањето на супердржавата ќе настане и нова валута која ќе ги засени фунтата и еврото.

Ноа предупреди и на глобалното затоплување и порача дека сега е вистинско време за промени. Тој вели дека за 11 години светот ќе стане технолошки многу понапреден од сега и дека луѓето ќе имаат чипови во главите, со чија помош ќе можат да го користат целиот капацитет на мозокот.

Текстот Момче од иднината тврди дека ЕУ ќе стане една држава е превземен од Reporter.mk.