Момчето кое се претстави како киднапираниот Тимоти бил затвореник, покажал ДНК-тестот

Продолжива мистеријата околу исчезнатото момче Тимоти Питцен, кое во 2011 година било киднапирано во Кентаки во САД. По направениот ДНК-тест, полицијата утврдила дека тинејџерот кој се претставил како Тимоти всушност е поранешен затвореник кој бил ослободен на 7 март од затворот „Белмонт“.

Станува збор за лицето 23-годишниот Брајан Мајкл Лини од Илиноис, кој отслужувал четирнаесетмесечна затворска казна поради грабеж и вандализам. Брајан во средата бил забележан како скита низ мостот на реката Охајо, каде сопрел една жена и побарал од неа да му помогне да се врати дома.

Тој на полицијата им раскажал дека пред осум години, по самоубиството на неговата мајка Ејми, бил киднапиран од страна на двајца мажи. Киднаперите ги опишал како билдери, на кои успеал да им побегне од мотелот каде го држеле. Анализата на ДНК-тестот бил направен во детската болница во Синсинати.

Американските медиуми пренесуваат дека надежта на семејството дека конечно по осум години ќе го види малиот Тимоти паднала во вода. Тие пишуваат дека приказната дека момчето било пронајдено во американската јавност одекнала како бомба, но полицијата цело време била внимателна околу спроведувањето на целата истрага.

Полициските служби од понеделникот одбивале да даваат какви било коментари за случајот, сè додека не била завршен ДНК-тестот, кој на крај покажал дека станува збор за големо мистериозно киднапирање и измама.

Исчезнал во 2011 година, по осум години Тимоти вели дека бил киднапиран

Текстот Момчето кое се претстави како киднапираниот Тимоти бил затвореник, покажал ДНК-тестот е превземен од Reporter.mk.