Над 150 компании меѓу кои и „Амазон“ и „Јаху“ имале бенефит преку „шпионирањето од Фејсбук

Со години една од најголемите светски компании Фејсбук влегува од скандал во скандал кога станува збор за навлегувањето во приватноста и приватните податоци на голем број на корисници на социјалната мрежа.

Весникот „Њујорк Тајмс“ обелодени документи ѝ изјави од вработени во Фејсбук, кој јавно обелоденија за одредени малверзации со кои компанијата на Марк Цукенберг им овозможила на одредени џиновски партнерски компании како што се „Амазон“, „Јаху“ „Нетфликс“ да имаат можност да навлезат во приватноста на милиони корисници.

„Њујорк Тајмс“ објави детали од нивната истрага со споделувањето на информациите на Фејсбук.

Добиените документи и направените интервјуа со над 50 вработени во Фејсбук и нивните корпоративни партнери покажува дека надлежните во Фејсбук им овозможиле пристап до дата податоците на корисниците и покрај договорот за забрана. Истрагата покажала дека над 150 компании имале бенефит од ваквото „шпионирање“ на Фејсбук.

Во интервјуто со директорот за приватност и јавна полиса на Фејсбук, Стив Сатерфилд, е посочено дека ниту еден од партнерите на џиновската социјална компанија не ги прекршила приватните правила и F.T.C. договорот.

Сатерфилд вели дека договорите кои ги направиле со горепосочнеите компании барале од нив да ги почитуваат политиките на Фејсбук за приватнста. Сепак по интервјуата и изјавите на некои од директорите на Фејсбук, биле признати одредени погрешни чекори кои компанијата ги направила во изминатата година.

„Знаеме дека имаме работа со падот на довербата на луѓето во нас. Тоа е нешто на кое што треба да работиме“, изјавил Сатерфилд.

„Заштитата на информациите на луѓето бара посилни тимови, подобра технологија и јасни политики. Тоа е она на кое ние бевме фокусирани во поголемиот дел од 2018 година. Партнерствата со џиновските партнерски компании исто така е еден од работите на кои сме фокусирани“, дополнил Сатерфилд.

Портпаролката на компанијата на Фејсбук вели дека нема пронајдено докази за злоупотреба на приватните податоци на посочените компании, вклучувајќи ги и „Амазон“, „Мајкрософт“ и „Јауху“.

Таа посочи дека податоците биле користени соодветно, но одбила детално да зборува за договорите за споделување кои Фејсбук ги има со секој корисник.

 

Текстот Над 150 компании меѓу кои и „Амазон“ и „Јаху“ имале бенефит преку „шпионирањето од Фејсбук е превземен од Reporter.mk.