Научниците открија планета многу слична на Земјата

Научниците откриле дека планетата Кеплер-186ф е многу повеќе слична на Земјата, отколку што претходно се мислело и дека истата може да биде населена од страна на човекот.

Кеплер-186ф е егзопланета, што значи дека се наоѓа надвор од нашиот Сончев систем и е оддалечена 500 светлосни години.

Истражувачите од технолошкиот институт „Georgia Institute of Technology“ користеле симулации со цел да ја идентификуваат динамиката на движење на ваков тип на егзопланети. Со ваквите симулации може да се одредат до која мерка може планетите да се движат, како и нивното движење околу самите оски и како истите се менуваат во текот на времето.

Студијата покажала дека аксијалниот наклон на планетата Кеплер-186ф е стабилен, како оној на Земјата.

Аксијалниот наклон на планетата ги создава годишните доби и климата, поради тоа што влијае на сончевата светлина која ја погодува површината. Направените истражувања сугерираат дека може да има редовни годишни доби.

Истото се смета и за Кеплер-62ф. Станува збор за планета со големина на Земјата која кружи околу ѕвезда која е 1200 светлосни години оддалечена од нас.

Се верувало дека Кепер-62ф е најслична егзопланета на Земјата, се додека не бил откриен Кеплер-186ф во 2014 година.

Планетата кружи околу ѕвезда, а е доволно оддалечена од истата за да водата се собира на површината.

Научниците веруваат дека варијабилноста на аксијалниот наклон може да се објасни зошто Марс се има претворено од водена планета, во неплодна пустинска планета.

„Марс се наоѓа во населена зона во нашиот Сончев систем, но неговиот аксијален наклон бил многу нестабилен. Варирал од нула до 60 степени“, вели главниот автор на студијата, кој е и професор на институтот „Georgia Institute of Technology“ Гонгије Ли.

„Оваа нестабилност веројатно придонела за пропаѓањето на атмосферата на Марс и испарување на површинската вода.

Земјиниот аксијален наклон варира меѓу 22,1 и 24,5 степени на секои 10.000 години, а можеби и повеќе.