Не сакала да сведочи за „Викиликс“, приврзаниците на Челзи Менинг бараат да биде пуштена од самица

Приврзаниците на поранешниот известувачки аналитичар на американската војска, Челзи Менинг, побарале нејзино ослободување од самица во затворот во Вирџинија.

Менинг во таа затворска единица се наоѓа од 8. март, поради одбивање да сведочи пред поротата која го истражува случајот со „Викиликс“. Менинг служби затворска казна поради објавување на доверливи американски документи.

Нејзините приврзаници тврдат дека Челзи ја држат во ќелија 22 часа дневно, што се квалификува како престој во самица. Надлежниот шериф Дејн Лухом изјавил дека обвинувањата на нејзините приврзаници не се точни, ниту пак фер, пренесува агенцијата „Асошијетед прес“.

Тој изјавил дека затворот нема самици и дека се користи административна сегрегација, каде затворениците имаат право на посети, книги и рекреација.

 

 

Текстот Не сакала да сведочи за „Викиликс“, приврзаниците на Челзи Менинг бараат да биде пуштена од самица е превземен од Reporter.mk.