Новиот коронавирус бил откриен уште пред седум години

Новиот коронавирус, сега официјално наречен Covid-19, е сличен на оној кој е откриен кај лилјаците во Кина во 2013 година. Но, поради непостапувањето во согласност со предупредувањата од страна на оние кои го проучувале, пред седум години била пропуштена можноста да се зашти населението во Кина.

Иако сега некои тврдат дека вирусот Covid-19 на луѓето се пренел преку лилјаците, многу веројатно е дека животните биле само жртви на инфекцијата, исто како и луѓето.

„Со досега достапните виролошки докази кои ги имаме, можеме да кажеме дека вирусот сигурно е пренесен преку еден вид на лилјаци“, изјавил Ендру Канингем од Зоолошкото друштво во Лондон.

Со години Женг Ли Ши и нејзините колеги од Институтот за вирологија во Вухан го изолирале кронавирусот од лилјаците во пештерите во кинеската провинција Јунан.

Во лабораторијата во 2013 година, пронајден е коронавирусот кој може да ги зарази човечките клетки. Минатата недела Женг известила дека овој 96% од овој вирус е сличен на вирусот Covid-19, кој сега се проширил меѓу луѓето.

Во 2016 година, Вејн Мараско од Медицинскиот факултет на Харвард и неговите колеги откриле дека вирусот кој го откриле Женг и нејзината екипа може да се репродуцира во ќелиите на дишните патишта кај човекот. Тие овој вирус го опишале како „предодреден да се појави кај луѓето“.

Но, понатамошните истражувања на вирусот биле спречени со одлуката на американските власти, да се забрани работата и испитувањата кои се правеле на промените на вирусот кој во иднина би можел да стане поопасен.

Работата на екипата на Женг исто така открила дека вирусите можат да се пренесуваат директно од лилјаците на луѓето кои живеат во близина на пештерите. Нивните укажувања говорат дека не е неопходен контакт за вирусот Covid-19 се рашири на луѓето, а претходно откриле и дека и вирусот SARS може да се рашири преку лилјаците, а претходно да не зарази други животни.

Минатата година тимот на Женг предупредиле дека постои голема веројатност коронавирусот се рашири преку лилјаците во Кина. „Истражувањето на коронавирусот на лилјаците стана итно прашање за рано откривање на знаците на предупредување“, напишале од тимот на Женг.

Бидејќи таа можност е пропуштена, Женг побарал засилување на напорите за да се развијат лекови и вакцини. За потсетување, бројот на починати од коронавирусот во кинеската покраина Хубеи скокнал на рекордни 242 лица и вкупно изнесува 1310, а дојдено е до големо зголемување на бројто на нови потврдени случаи на заразени, по примената на новата дијагностичка методологија.

Текстот Новиот коронавирус бил откриен уште пред седум години е превземен од Reporter.mk.