Откриено како се срушил „боингот 737“ во Етиопија

Пилотите на компанијата „Етиопијан ерлајнс“ се бореле со автоматскиот систем во авионот речиси шест минути, колку што траел и летот, пред да се срушат. Ова го пишува во прелиминарниот извештај, направен од службите.

Пилотите кои не можеле да го стабилизираат „боингот 737 Макс 8“ и покрај тоа што ги следеле сите упатства, се обиделе со заеднички сили да го подигнат носот на авионот.

Како што е наведено во извештајот, полотот трипати го повикал копилотот да го повлече управувачот нагоре, но, за жал, не успеале да ја повратат контролата над авионот.

70 секунди по полетувањето од Adis Abebe, на 10 март, еден од сензорите испратил погрешни информации во системот на авионот, укажувајќи им на пилотите на неизбежен губиток на висината.

Поради тоа автоматскиот систем го спуштил носот на авионот четири пати во текот на летот, така што пилотите не можеле да се изборат со проблемот. Пилотите ги испочитувале сите процедури, но авионот летал пребрзо па рачното подесување било физички невозможно да се изведе.

По 2 минути, „боингот“ се срушил и загинале 157 патници и членови на екипажот. Истрагата утврдила дека слично се случило и со летот на индонезиската компанија „Лајонер“ во октомври кога при пад на авионот загинаа 189 лица.

Ваквите несреќи беа силен удар за компанијата „Боинг“. Истражителите на авионот „боинг 737 Макс 8“, се фокусирале на новиот систем за сила MCAS. Од авиокомпанијата соопштиле дека планираат да направат поправка на софтверот и да ја спречат операцијата која се повторува во системот и која е централен безбедносен проблем.

Снимките од црната кутија покажале дека пилотите панично го проучувале упатството за употреба пред нивниот авион да се сруши. Снимките од авионот Lajon Era укажуваат дека пилотит се обидувале да разберат зошто носот на авионот упорно се спушта надоле.

Иако капетанот се борел да го подигне авионот, сензорите и понатаму погрешно го отчитувале губитокот на висината, па не можеле да го исправат падот на авионот.

Софтверот од овој тип на боингот автоматски го спушта носот на леталото кога ќе отчита дека авионот лета премногу бавно, стрмно или кога му се заканува опасност од губење на висината.

Текстот Откриено како се срушил „боингот 737“ во Етиопија е превземен од Reporter.mk.