Партијата на Меркел намерно молчи за болеста на канцеларката, обвинува „Билд“

Најчитаниот германски весник „Билд“, ја обвини денес лидерката на Христијанската демократска унија (CDU) Ангела Меркел за „цензура“ по повод необјаснивото тресење кое од пред месец дена повремено го има канцеларката.

„Билд“ на својот сајт навел дека се чувствува навреден атоа што CDU се однесува како Ангела Меркел никогаш да немала три напади на тресење.

И додека германските и странски медиуми се распрашуваат за здравјето на канцеларката „Билд“ пишува дека тоа претставува „табу тема“ за владејачката партија.

CDU не го споменала „Билд“, во своите прегледи на штампа, кој секое утро се испраќаат допартиските официјални лица. Како што наведува „Билд“ мистериозните напади на тресење се тема број еден во германските медиуми.

Меркел во четвртокот седела за време на интонирањето на државната химна на Германија и Данска, ден по најновиот случај на тресење. Канцеларката потоа во средата изјавила дека се чувствува добро.

Тресењето го припишала на психоматската реакција на првиот случај кога е забележано дека се тресела, настан кој се случи пред помалку од месец дена.

Според наводите на „Билд“, Меркел по првиот пат кога било забележано видното тресње, во моментите на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на 18. јуни, ги минала сите детални медицински прегледи.

Меркел во меѓувреме случајот го препишала на дехидрација за време на жешкото време во Берлин.

Текстот Партијата на Меркел намерно молчи за болеста на канцеларката, обвинува „Билд“ е превземен од Reporter.mk.