Планетата Земја влезе во еколошки долг, потрошени се сите ресурси

Годинава светот влезе во еколошки долг. Еколозите велат дека ваквата појава се случила вчера и тоа претставува нејзино најрано појавување од кога било претходно, откако се спроведувале ваквите мерења.

До вчера жителите на планетата потрошиле повеќе отколку што екосистемот на планетата Земја може за една година дена да  обнови.

Денот на еколошкиот долг оваа година се одбележува најрано откако се спроведени мерењата, наведуваат еколозите, но истовремено предупредуваат на важноста за зачувување на природната средина.

Организацијата Global Footprint Network секоја година го пресметува денот на прекочерувањето. Минатата година човештвото влезе во долгот на 1 август.

Буџетот на земјените природни ресурси бил во плус се до 1970 година, кога Денот на еколошкиот долг на Земјата бил 23 декември, пренесува „РТС“.

По десет години, во 1980 година, човештвото влезе во долг шест недели порано, а наредната година, во долг сме влегле на 13. октомври.

Во 2000 година, човештвото влегло во долг на 4. октомври, а во 2010 година, на 28 август. Сега девет години подоцна, повторно е соборен неславен рекорд.

Текстот Планетата Земја влезе во еколошки долг, потрошени се сите ресурси е превземен од Reporter.mk.