По коронавирусот светот ќе биде поделен без војна, тврди Лукашенко

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во интервју за телеканалот „Мир“ на темата на коронавирус вели дека истиот бил ослободен од страна на светските моќници, со цел да го променат и поделат светот без војна.

„Па нели ви се чини дека моќниците сакаат да го прекројат светот без војна. Па тоа го кажа и самиот Макрон, кој таканаречениот коронавирус психоза и инфо-демија, ја нарече војна, прекројување на светот“, изјавил Лукашенко.

Глобалните играчи можат да ја искористат ситуацијата со коронавирусот за нова поделба на светот, тврди белорускиот претседател.

Лукашенко во истиот тој контекст укажал на предлогот на Обединетите нации дека ќе испечатат пари во висина од 10 проценти од светскиот бруто домашен производ, за борба против коронавирусот. Тој оценил дека тоа би довело до инфлација во целиот свет и на тој начин би паднала вредноста на руската национална валута рубљата.

Лукашенко додал дека ваквата постапка би ги направило само богатите уште побогати, а сиромашните уште посиромашни.

„И нас не туркаат кон тоа да ја забавиме нашата економија. Да седиме и да не работиме и на тој начин да ги изедеме нашите скромни девизни резерви“, вели Лукашенко.

Тој објасни дека ниту Русија нема големи резерви и тие нема да им завршат работа, ако епидемијата продолжи, а тие ништо не прават во меѓувреме. Нема да издржат ниту година дена. Истиот случај е со сите земји од истокот.

„Ако бидат испечатени пари до 10 проценти од светскиот бруто домашен производ и кај нас ќе дојдат оние кои ќе се одржат на нозе и ќе ни дадат малку од нивното, но ќе мора да правиме сè што ќе ни кажат. На тој начин ќе биде прекроен светот“, вели Лукашенко.

Според податоците на Worldometer, во светот досега има повеќе од 965.000 инфицирани и 49.000 мртви од коронавирусот.

 

 

 

Текстот По коронавирусот светот ќе биде поделен без војна, тврди Лукашенко е превземен од Reporter.mk.