По кулите близначки, следната цел бил претседателскиот авион на Буш

Поранешниот портпарол во Белата куќа од времето на Џорџ Буш, Ари Флејшер, во белешките што ги правел на денот на нападот на кулите близначки во Њујорк на 11 септември 2001 година напишал за настанатата грешка во комуникацијата земја-воздух меѓу безбедносните американски служби.

Во белешките на Флејшер може да се види дека Буш бил преплавен со емоции и дека бил желен за одмазда.

„Не можам да дочекам да дознаам кој го направи ова. А кога ќе дознаеме, нема само да удриме со раката“, изјавил Флејшер објаснувајќи како Буш се обидувал да ја убеди тајната служба да го вратат што побгу во Вашингтон.

Претседателскиот авион првин слетал на аеродром во Луизијана, па во базата во Небраска, а во Вашингтон слетал дури вечерта.

„Сакам да се вратам дома колку е можно побргу“, изјавил еден од соработниците додавајќи дека тоа го мислел и Чејни.

Во белешките на Флејшер стои и реченицата што во авионот се слушнала во комуникацијата воздух-земја: „Ангелот е следен“.

Шифрираното име на претседателскиот авион тој ден бил „ангел“, па во авионот помислиле дека токму претседателскиот авион бил следната цел.

Затоа, припадниците на тајната служба застанале пред вратата на кокпитот во случај напаѓачот да се наоѓал во авионот. Подоцна се утврдило дека се работело за грешка во комуникацијата.

Тогаш Џорџ Буш на должноста претседател бил само осум месеци. Буш имал само еден прироитет во мислите. Безбедноста на своето семејство. Службите го убедиле дека неговата сопруга Лора и двете ќерки биле однесени на безбедна локација.

„А Барни?“, ги прашал тогаш Буш своите безбедносни служби мислејќи и на својот шкотски миленик териер.

„Веќе е зад петиците на Осама бин Ладен“, му одговорил шефот на персоналот Ендрју Кард.

Флејшер имал шест страници кои ги напишал рачно објаснувајќи ги шокот и болката, но и одлучноста што завладеала во американскиот претседателски авион. Неговите белешки биле единствените оригинални транскрипти од она што тогашниот претседател на САД и неговите соработници го зборувале во авионот.

„Ние сме во војна. Кога ќе откриеме кој стои зад ова, нема да им се допаднам како претседател. Некој ќе плати за ова“, изјавил Буш во телефонскиот разговор со тогашниот потпретседател Дик Чејни.

Буш во тие моменти кога се случиле нападите на Њујорк и Пентагон во Вашингтон бил во посета на Флорида. Претседателскиот авион веднаш полетал во воздух кога службите дознале за рушењето на кулите близначки.

„Секогаш правам белешки. Така ја работам мојата работа. Но, 11 септември беше посебен важен ден за мене затоа што морав да запишувам што претседателот говорел и правел. Се залепив за столот цел ден. Слушав и запишував“, изјавил Флејшер за „Ројтерс“.

 

Текстот По кулите близначки, следната цел бил претседателскиот авион на Буш е превземен од Reporter.mk.