Полицијата верува дека го открила убиецот на германскиот политичар Валтер Либке

Германската полиција привела маж кој бил осомничен за убиството на германскиот политичар Валтер Либке. Валтер бил пронајден мртов пред седум дена, во дворот во својот дом.

Германските медиуми пишуваат дека приведениот изјавил дека бил во приватна врска со Либке. Полицијата соопшти дека Либке, кој бил шеф на германскиот совет во Касел, од редовите на владејачката CDU, е убиен со куршум директно во главата.

Како што пренесува Frankfurter algemajne cajtung, истражителите се убедени дека го идентификувале осомничениот откако ги прегледале сите податоци и документи на Либкеа, вклучително и неговиот мобилен телефон.

Полицијата ја отфрлила можноста за самоубиство, и верува дека станува збор за политички мотивирано убиство. Либке добивал смртни закани, кои претходно му биле упатени поради спротиставувањето на крајната десница.

Неговото тело било пронајдено на 2 јуни, нешто по полноќ, во дворот на неговата куќа во селото Истха. Либке зад себе оставил жена и две деца.

Текстот Полицијата верува дека го открила убиецот на германскиот политичар Валтер Либке е превземен од Reporter.mk.