Полуфиналист на Австралија опен, откри дека му биле понудени пари да изгуби

Еден од најдобрите тенисери на светот, Французинот Лука Пуј, кој минатата недела го остварил најголемиот резултат во кариерата, со пласманот во полуфиналето на Гренд слем во Мелбурн, открил дека во еден момент му било понудено да учествува во наместен меч.

По победата во третото коло, Лука открил дека во текот на кариерата добил непристојна понуда.

„Играв на челенџер во Романија, каде една група од четири, пет луѓе ме бодреа до бесвест. Потоа следниот ден беа против мене, затоа што се кладеле. Преку „Фејсбук“ и социјалните мрежи ми понудија да го наместам мечот. Никогаш не им одговорив. Смешно е да ги продаваш свите мечеви ѝ намерно да ги губиш поради пари“, изјавил Пуј, за „Радио Монте Карло“.

Пуј истаканл дека ја поддржува идејата за забрана на кладење на некои турнири.

„Премногу пари се вклучени во кладење. Мислам дека е многу комплициран да се пронајде начин, но мислам дека би можеле да ги отстраниме кладењето од Фјучерс турнирите. Лесно е да се отиде ѝ да се кладиш анонимно, посебно во источните земји. На момците им се потребни пари за патувања, а кога ќе ти понудат 5000 евра за да го загубиш мечот, а заработуваш 1000 кога ќе освоиш титула, едноставно тешко е да кажеш не“, додал Французинот.

 

 

Текстот Полуфиналист на Австралија опен, откри дека му биле понудени пари да изгуби е превземен од Reporter.mk.