Повеќе од 8 милиони деца на психијатриски лекови што го нарушуваат умот

Додека на сѐ поголем број деца им се препишуваат психијатриски лекови за нарушена хиперактивност и дефицит на внимание, паралелно со тоа се зголемува и злоупотребата. Ова ги навело експертите да се запрашаат зошто толкав голем број деца се ставаат на психијатриски лекови.

Списанието Pediatrics јавува дека до центарот за пријавување од труење биле забележани повеќе од 150.000 повици поврзани со лица помлади од 20 години, кои неадекватно биле изложени на таквите лекови. Резултатите се однесуваат на периодот од 2000 до 2014 година. Некои од лековите обично се пропишани за ADHD, вклучувајќи и Ritalin, Adderall и Concerta.

На речиси 6,1 милиони деца од 2 до 17 години им е дијагностицирано ADHD, а 6 од 10 деца ги земаат лековите за оваа состојба.

Бројките неодамна пораснале на 2 милиона во периодот меѓу 2003 и 2011 година, а според експертите ваквиот проблем изгледа дека нема набргу да исчезне. Всушност, ризикот дека на тригодишно дете може да му се дијагностицира ADHD сега е поголем од 40 отсто. Ова само покажува колку дијагностицирањето се злоупотребува.

Севкупно, повеќе од осум милиони американски деца земаат некој вид психотропни лекови. Повиците на граѓаните во центарот за пријава од труење биле поврзани со ненамерно изложување неадекватни таблети, предозирања или непридржување на упатствата. 75 отсто од ваквиот вид повици биле за деца помлади од 12 години.

Друг важен аспект е малтретирањето, кое се состоело од речиси четвртина од повиците меѓу тинејџерите. Речиси 9.000 повици се однесувале на оние што користеле таблети во обидите за самоубиства, што предизвикало сериозна загриженост меѓу експертите. Севкупно, центрите за контрола на труење имаат просечно 29 повици дневно и 200 повици неделно поврзани за ADHD-лековите.

Гери Смит, директорот на истражувањето, вели: „Земањето поголеми дози резултирало со сериозни исходи, а тоа не се ретки случаи“, вели тој.

Не е невообичаено студентите од универзитетите, кои се под притисок за подобро да учат, да користат ADHD-лекови со надеж дека ќе ја подобрат својата концентрација.

Многумина погрешно веруваат дека лековите за ADHD не можат да бидат штетни ако редовно им се даваат на децата, но тоа не може да биде далеку од вистината. Овие стимуланси имаат многу сериозни нуспојави, вклучувајќи висок крвен притисок, поспаност, раздразливост и забрзана работа на срцето, а предозирањето може да биде кобно.

Кои се последиците врз општеството кое е предозирано со лекови?

Друг факт што придонесува до зголемениот број деца што земаат ADHD-лекови е агресивниот маркетинг на фармацевтските компании. Некои експерти веруваат дека родителите понекогаш имаат нереални очекувања, а нивните лекари пребргу им ги препишуваат лековите, иако и самиот третман од типот терапија на однесувањето би можел да биде сосема доволен за правилно поставување на работите на свое место.

За жал, на многу млади луѓе им е дијагностицирано ADHD и земаат соодветни лекови за ваквата состојба. Наставниците и родителите се желни хиперактивните деца да се потсмират и многу често се под искушението за брзо закрепнување. Но, нема сомнение дека општеството кое е преполно со млади луѓе што земаат лекови на рецепт е катастрофално.