Пожарникарот Василиј доживеал пострашна судбина од серијата „Чернобил“, сведочи неговата сопруга

Реалниот лик од серијата на NBO „Чернобил“ Василиј Игнатенко е еден од пожарникарите кои први го гаселе пожарот во нуклеарната централа, во близина на оштетениот реактор. Тој умира подоцна во болница во Москва каде е префрлен. Поради изложеноста на радијација, Василиј исфрлил крв и слузина 25 дневно.

Василиј искашлувал парчиња од сопствените внатрешни органи. Повеќе не можел да користи облека поради отеченоста на екстремитетите. Тој починал во најлошите маки, две недели по инцидентот во нуклеарната централа. Неговата сопруга Људмила која е трудна, го посетува во болницата во Москва.

Таа се гледа со него не водејќи сметка од опасноста од изложеноста на радијација. Подоцна раѓа девојче, кое од последиците на зрачењето, умира по четири дена. Според некои од податоците, таа денеска сеуште е жива, има син и живее во Киев. За својата судбина проговорела од многу поодамна пред излегувањето на серијата „Чернобил“.

Нејзините сведоштва можат да се забележат во книгата „Гласот од Чернобил“. Људмила на Светлана Алексијевиќ, која е авторка на книгата и раскажала ден по несреќата во нуклеарната централа, таа и нејзиниот сопруг планирале да ги посетат неговите родители. Василиј тој ден требало да биде слободен од дежурство.

Но, по експлозијата на реакторот, нешто околу еден часот по полниќ, Игнатенко добил повик да се вклучи во акцијата на гасење на пожарот. Тој мислел дека станува збор за обичен пожар. Василиј претходно по државен налог, од Белорусија се преселил во Припјат, за да работи како пожарникар.

Тој и Људмила се венчале во 1983 година, а се запознале како тинејџери во 1979 година. Во книгата Људмила ги опишала последните денови од неговиот живот. Тие вели дека се многу пострашни од тоа што е прикажано во серијата на NBO „Чернобил“.

„Секој ден како да запознавав друга личност. Последните два дена искашлуваше парчиња од своите бели и црн дроб. Се гушеше во своите органи. Ќе му ја замотав раката во завој. ќе му ја ставев во устата и ќе ги вадев парчињата“, раскажува Људмила.

Василиј починал на 25 годишна возраст. Тој бил погребан во лимен ковчег, под бетон, затоа што неговото тело и понатаму било радиоактивно.

Смртта од труењето од радијација е особено ужасна и долготрајна. Првите симптоми од смртоносната доза е повраќање еден час, по изложеноста. Внатрешното крварње ги зафаќа не само органите, туку практично сите крвни садови. И тие во очите, екстремитетите, системот за варење.

Губитокот на течности се мери во литри секој ден, изгорениците на површината пробиваат во внатрешноста на телото. Експлозијата во нуклеарниот реактор во Чернобил го означил почетокот на досега најголемата мирнодопска нуклеарна катастрофа во историјата.

Подоцна се случила и втора експлозија предизвикана од влегување на свеж воздух во околината на реакторот, расфрлајќи од изгорениот графит и предизвикувајќи силен пожар околу реакторот 4 и реакторот 3, кој уредно работел. Во несреќата веднаш загинал еден работник. Телото на Ваериј Кодемчук никогаш не било пронајдено.

Во подоцнежните неколку часови, во болницата починале уште неколку работници од здобиените повреди. Во следните неколку часа, смртноста поради труењето од радијацијата е зголемено и тоа нема да прекине со месеци.

Од последицата на несреќата во следните четири месеци ќе умрат вкупно 31 работник од централата и еден пожарникар во Чернобил. Пожарникарите кои веднаш пристигнале на местото да го гасат пожарот, не можеле да користат вода, плашејќи се од електричната инсталација, која можеби била оштетена.

Наместо вода од рабовите на оштетениот кров, тие фрлале песок на изгореното јадро. Но, според подоцнешните седоштва и извештаи направени од службите, ваквата акција била безуспешна.

Текстот Пожарникарот Василиј доживеал пострашна судбина од серијата „Чернобил“, сведочи неговата сопруга е превземен од Reporter.mk.