Премиерот на Пакистан откри кој го предал Осама бин Ладен

Пакистанскиот премиер Имран Кан изјавил дека пакистанската известувачка служба ISI е таа која што го предала најголемиот терорист на 21 век Осама бин Ладен. Оваа организација им испраќала на американската известувачка агенција ЦИА информации за тоа каде да го лоцира и убие поранешниот водач на Ал Каеда.

„ISI давала информации кои довеле до пронаоѓање на Осама бин Ладен. Ако ги прашате во ЦИА, ќе видите дека ISI им ја пренеле почетната локација преку телефонски податоци“, изјавил Кан во интервју за „Фокс“.

Пакистан досега ги негирал сите информации за основачот на Ал Каеда, кои по повеќегодишната потера на 2 мај 2011 година, го убија американските командоси во куќа во Аботабаду, место во Пакистан кое е стотина километри оддалечено на север од Исламабад.

Сепак, пензионираниот пакистански генерал Асад Дурани, шефот на ISI, од 1990 година до 1992 година, во книга издадена во 2018 година навел дека пакистанските власти веројатно дојавиле каде се крие Бин Ладен, истовремено глумејќи непознавање дека соработката со САД, околу личноста која многумина во Пакистан ја сметаат за херој, би можела да биде понижувачка за владата.

Кан се наоѓа во посета на Вашингтон каде се состанал со претседателот на Доналд Трамп, во обид да ги поправи односите меѓу двете земји.

Текстот Премиерот на Пакистан откри кој го предал Осама бин Ладен е превземен од Reporter.mk.