Принцот Хари си заминува за да ѝ се одмазди на кралицата за убиството на Дајана

Голем број теоретичари на заговор сметаат дека зад одлуката на принцот Хари да го напушти кралското семејство стои одмазда за смртта на неговата мајка, принцезата Дајана. Ова е само една од необичните теории на заговор кои се шират за популарниот мегзит (заминувањето на Меган и Хари) и преселбата во Канада.

Кралицата поради ваквиот потег на нејзиниот внук итно закажа состанок. Порталот News 18.com пишува дека Хари е гневен на медиумите и неговиот татко и баба и дека нив ги посочува како виновни за смртта на неговата мајка. Принцезата Дајан загина на 31 август 1997 година, додека бегаше од папараците во Париз.

Во текстот е наведено дека Хари е гневен и на неговиот татко, принцот Чарлс, и кралицата Елизабета, за кои исто така смета дека се одговорни за смртта на принцезата Дајана, иако нема докази за такво нешто. Хари наводно поради тоа решил и да се ожени со разведена Американка, брак сличен на оној на неговиот чичко Едвард Седми.

Тој брак ја доведе земјата до уставна криза, па Едвард морал да се откаже од престолот. Има теории и дека бракот меѓу Хари и Меган е лажен и дека таа е само платена глумица. Се разбира за ниту една од овие теории не постои цврст доказ. Некои сметаат дека сето ова е план на кралицата Елизабета.

Таа сака да го искористи внукот за да го зацврсти преземањето на власта во Комонвелтот, каде улогата на монархот значително е ослабена. Има такви кои веруваат дека кралицата Елизабета му понудила на Хари нешто кое тој во никој случај нема да го одбие и дека ќе остане во Велика Британија.

Состанокот на Хари со кралицата, Вилијам и Чарлс беше одржан вчера во замокот Сандрингам. Сопругот на кралицата, принцот Филип, утрото бил виден како си заминува од замокот, незадоволен од тоа што се случува.

До вчера не се знаело дали кралицата Елизабета ќе ја казни кралската двојка. Некои експерти сметаат дека малку е веројатно да им ја укине титулата како на принцезата Дајана, затоа што Хари е роден со неа, а Меган ја примила титулата на војвотка од Сасек преку бракот со него.

Кралскиот фотограф Артур Едвардс смета дека кралицата ќе му даде на принцот Хари понуда која тој нема да може да ја одбие и дека војводата ќе остане во Велика Британија.

Браќата Хари и Вилијам  вчера преку заедничко соопштение ја демантираа лажната вест во домашните медиуми дека нивниот однос се влошил. „За браќа кои придаваат големо внимание на прашањата за ментално здравје, употребата на таков  говор е навредлива и потенцијално опасна“, порачале тие преку соопштението.

Текстот Принцот Хари си заминува за да ѝ се одмазди на кралицата за убиството на Дајана е превземен од Reporter.mk.