Професор открива како жртвите Грци влегле во стапицата на смртта

Планот за градба на местото Мати, на истокот од Атика, каде пожарите во изминатите три дена уништија речиси се, довело до тоа да жителите западнат во „стапицата на смрт“, од која не можеле да излезат.

Ова го тврди Ефтимиос Лекас, грчки професор по динамички тектоники и применета геологија, напоменувајќи дека многу мал број на грчки градови се изградени на адекватен начин.

Анализирајќи го трагичниот исход на пожарите кои во понеделникот го зафатија одморалиштето на брегот на источна Атика, тој навел 10 причини поради кои изгорела источна Атика.

Тој навел дека екстремните временски услови, силните удари на ветерот, брзината на ширењето на оганот, шумата која не била исчистена, морфологијата на теренот, која влијаела на брзото напредувањето на пожарот од запад кон исток, односно од планините кон морето…

Но, како одлучувачки фактор за ужасните размери на оваа трагедија и големиот број на настрадани, тој ја навел положбата на зградите и патиштата под Авенија Маратонос.

„Тој урбанистички план е „стапицата на смртта“, поради која поголемиот број на жители и посетители останале заглавени и заробени во место. Планот има патишта кои не водат никаде, ќорсокаци и патишта кои водат до стрмните предели над морето“, објаснува Лекас.

Со приближување кон Мати, кон малото градче Мандра, на западот на Атика, Лекас вели дека тие два случаи се слични, со тоа што првиот е уништен преку пожарите, а вториот со поплави. Со урбанистичките планови не се водело сметка за опасностите кои би можеле да искрснат.

Професорот укажува на тоа дека многу мал број на грчки градови се изградени на одговарачки начин, особено кога станува збор за безбедноста и предупредува дека сега е прашање што би можело воопшто да се направи во сите области во Грција кои се развиени во последните четири или пет децении со постојано кршење на прописите за планирање на градење и нивните несогласни уфрлувања во урбанистичкиот план.

Пожарите во изминатите три дена однеле најмалку 85 животи на истокот на Атика, а 26-те јагленосани тела се најдени во ноќта меѓу понеделникот и вторникот во околината на Матија, меѓу две куќи во местото Аргира Акти.

Текстот Професор открива како жртвите Грци влегле во стапицата на смртта е превземен од Reporter.mk.