Протекоа податоци на околу 540 милиони корисници на „Фејсбук“

Компанија UpGuard, која била задолжена за безбедност на интернетот, објавила дека детални информации на повеќе од 540 милиони корисници на „Фејсбук“ со месеци биле јавно видливи.

Во текот на рутинската контрола, од компанијата откриле голем база со податоци на необезбеден сервер на „Амазон“, кој го користела мексиканска фирма за социјални мрежи.

Најголемиот дел од информациите кои содржеле имиња, коментари, реакции и идентификациски броеви, биле посетени од страницата „Култура колектив“. Одговорните лица на оваа страница велат дека податоците ги собирале од интеракција со корисниците.

Приватните податоци, како пораките на е-пошта и лозинките не биле на споменатиот сервер, затоа што „Култура колектив“ нема пристап за таквите информации за корисниците.

Од „Фејсбук“ велат дека нивните правила не дозволуваат податоците од социјалната мрежа да се чуваат во јавно достапни бази. Од компанијата велат дека податоците се отстранети од серверот.

Би-би-си пишува дека ваквиот случај потсетува на низата инциденти поврзани со откривањеа доверливи и лични податоци од компанијата „Фејсбук“. На крајот на март, од „Фејсбук“ објавија дека вработените во компанијата, имале пристап на шифри од околу 600 милиони корисници.

Во септември минатата година, поради безбедносните грешки, откриени се информации на 50 милиони корисници од оваа социјална мрежа, а на почетокот на 2018 година откриено е дека компанијата „Кембриџ аналитика“ собирала податоци на околу милион корисници.

Текстот Протекоа податоци на околу 540 милиони корисници на „Фејсбук“ е превземен од Reporter.mk.