Прво ќе згасне човечкиот живот, па планетата Земја

И покрај сите чекори кои човекот ги прави за уништување на планетата Земја, научниците се цврсто убедени, дека сепак таа е таа која што ќе не надживее.

Тие сметаат дека и планетата ќе и дојде крајот, откако Сонцето полека ќе ја уништува без ниту еден човек на неа.

Сонцето ќе се распарче на парчиња и ќе ја повлече со себе планетата Земја, но и другите планети, велат научниците.

За среќа ние нема да бидеме сведоци на згаснувањето на Сонцето и Земјата, но тоа не значи деа не би требало да знаеме како ќе изгледа оваа пропаст.

Сепак научниците ја смируваат јавноста дека за ова ќе бидат потребни милијарди години.