„Пуштете ми ја раката, што правите?“ – викал Кашоги пред да го убијат

Аудио-снимка од мачењето на саудискиот новинар Џемал Кашоги е објавена од страна на турски веб портал. На снимите се слуша како зборува Кашоги пред да биде екзекутиран во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври.

– Пуштете ми ја раката! Што мислите дека правите?, ги цитира „Хабертурк“ зборовите на Кашоги во „А крилото“ на Конзулатот, каде што се наоѓа одделот за визи. На снимката се слуша разговор од седум минути.

Кашоги бил држен од страна на четири лица. Едниот му ја држел раката уште кога влегувал во Конзулатот.  Меѓу лицата кои го нападнале новинарот, било и лицето кое било идентификувано како Махер Абдулазиз Мутреб, лидер на 15.члената „екипа убијци“.

Кашог бил нападнат на почетокот од четири лица, кои го пренесуваат во административното „Б крило“ а потоа им се приклучуваат уште ројца лица. Меѓу нив бил и Махер.

Меѓу идентификуваните лица е и човекот Мохамед ал Отајби.

„Предавник! Ќе бидеш подложен на одговорност“, се слуша како вика Мутреб.

На останатиот дел од снимката, како што наведува „Хабертурк“, се слушаат вербални несогласувања, расправии и измачување.

Според порталот, од „Ц крилото“ во Конзулатот, каде што е канцеларијата на конзулот, се направени 19 телефонски повици до Саудиска Арабија, од кои четири најверојатно биле помеѓу Мутреб и Сауд ал-Кахтани, кралски советник, кој минатиот месец беше отстранет од функцијата.

Останките на Кашоги, новинар на „Вашингтон пост“, кој ги критикуваше властите во Ријад, се уште не се пронајдени.

Текстот „Пуштете ми ја раката, што правите?“ – викал Кашоги пред да го убијат е превземен од Reporter.mk.