Решена мистеријата, тим на научници откриваат како настанал коронавирусот

И покрај гласините кои се шират на интернет за новиот коронавирус дека настанал и бил крериран во некоја лабораторија, тим на научници по детално испитување, утврдиле дека истиот настанал по природен пат.

Не постојат докази дека вирусот е вештачки создаден, вели Кристиан Андерсен, вонреден професор за имунологија и микробиологија, кој е и коавтор на студијата која е објавена во списанието Nature Medicine.

„Споредувајќи ги достпаните податоци од секвенцата на генот за познатите соеви на коронавирусот, можеме да утврдиме дека SARS-CoV-2 е создаден по порироден пат“, вели Андерсен.

Како пандемијата се ширеше низ светот, така и гласините стануваа се поголеми за тоа дека научниците го создале вирусот во лабораторија. Сепак, тимот на Андерсен верува дека нивната истрага го докажува спротивното.

Тие истакнаа дека коронавирусот веќе долго време постои, предизвикувајќи болести со различна тежина. Првата тешка болест е врзана за коронавирусот – тежок акутен респираторен синдром (SARS) – која се појави во Кина во 2003 година, додека втората – респираторниот синдром на Блискиот Исток (МERS) – настана во Саудиска Арабија во 2012 година.

Додека двете епидемии изумреа, COVID-19 и понатаму продолжил да се шири ширум светот. На почетокот на пандемијата, кинеските научници го пресликале генот SARS-CoV-2 и направиле податоците да бидат слободно достапни до научниците ширум светот.

Користејќи ја таа мапа на гени, Андерсен и неговите колеги ја испитале генетската шема за протеини од надворешната страна на вирусот. Било утврдено дека SARS-CoV-2 ги користи овие протеини за да се закачи на клетките на домаќинот. Копајќи подлабоко, истражувачите согледале еволуција на клучните компоненти.

Една компонента, која се нарекува RBD, е еден вид на кука за закачување, преку која SARS-CoV-2 го користи за фаќање на човечките клетки. RBD новиот вирус е неверојатно ефикасен во поврзувањето за клетката. Тој е толку ефикасен што научниците веруваат дека може да се развива само по природна селекција.

Вториот доказ кој ја поддржува оваа теза е приротното потекло на вирусот кој потекнува од она што истражувачите го нарекуваат „кичма“ одностно основната молекурална структура на SARS-CoV-2.

Молекуралната кична на SARS-CoV-2 не наликува на ниту еден познат коронавирус кој веќе ги заразува луѓето. Наместо тоа, силно потсетува на коронавирус кој се наоѓа кај лилјаците и поедини цицачи. Тоа е уште еден доказ дека новиот вирус во Кина на луѓето преминал преку животните.

„Овие две карактеристики на вирусот, мутацијата во RBD делот, протеините и неговата исклучителна „кичма“, ја исклучуваат тезата за лабораториска манипулација како потенцијално потекло на SARS-CoV-2“, вели Андерсен.

Според Андерстон и неговиот тим, коронавирусот како и SARS и MERS и SARS-CoV-2 веројатно е развил во некое животно, а потоа мутирал и преминал на човекот.

 

 

 

 

Текстот Решена мистеријата, тим на научници откриваат како настанал коронавирусот е превземен од Reporter.mk.