Роналд Реган и ФБИ го заташкале случајот со педофилија на Мајкл Џексон

Контроверзите околу покојниот Мајкл Џексон и неговата сексуална настраност не стивнуваат, особено по излегувањето на новиот документарец Leaving Neverland.

Во најновите записи откриени од страна на медиумите, се покажало дека во случајот со педофилија на пејачот прсти вмешал и поранешниот американски претседател Роналд Реган. ФБИ, тогашното истражно биро покренало истрага во текот на осумдесетите години, за наводно злоставување на две мексикански момчиња од Мајкл Џексон.

Истрагата била спречена од страна на тогашниот претседател на САД Роналд Реган, кој бил близок со пејачот. Извор кој работел на одделението за сексуално искористување, за британскиот весник „Мирор“ раскажал дека постои досие за Мајкл Џексон и злоставуваните мексикански деца, кое го примил на средината на осумдесетите години.

Во извештајот било наведено дека референците не биле пронајдени, што ги поттикнало шпекулациите дека истрагата била заташкана. Постоеле се поголем број на нови податоци кои ги откриваат тајните за животот на Мајкл на ранчот Недојдија.

Британски „Дејли Мејл“ пронашол интервју на сестрата на Џексон, Ла Тоја Џексон, која во 1993 година признала дека нејзиниот брат бил педофил.

„Мајкл Џексон е мој брат, но јас не можам и нема да бидам тивок соучесник во неговите злосторства кои ги направил над малите невини деца. Ако молчам, значи дека и јас сум на негова страна и дека ја намалувам жртвата на тие деца, нешто што е погрешно. Што маж од 35 години правел со момче од триесет дена? И јас сум жртва на злоставување и знам дека децата ќе бидат исплашени до остатокот на нивниот живот. Го сакам мојот брат, но повеќе ми е жал за тие деца“, изјавила тогаш сестрата на Мајкл Џексон.

Документарецот Leaving Neverland кој неодамна го објавиле Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, дигна уште поголема прашина во јавноста.

„Ми зборуваше дека е најсреќен со мене. Во почетокот кога ќе се разбудев, тој не беше во истата соба, но потоа остануваше да спие со мене, а набрзо потоа почна и со сексуални активности. Ме допираше, ми покажа што е мастурбација, орален секс, а потоа бев таму за да ги исполнувам неговите фантазии. Постојано бевме заедно, како во вистинска врска“, изјавил Џејмс во документарецот.

Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак беа луѓето кои тврдат дека како деца биле злоставувани и дека Мајкл Џексон ги искористил против нивна воља. Во првиот дел од документарниот филм зборувала и поранешната домашна помошничка на Мајкл Џексон Адријан Мекманус, која изјавила дека Мајкл бил педофил предатор, кој ги снимал средбите со децата.

 

Текстот Роналд Реган и ФБИ го заташкале случајот со педофилија на Мајкл Џексон е превземен од Reporter.mk.