Руски астронаути ги обвинуваат Американците за дупките на Меѓународната вселенска станица

Руски астронаути заговараат дека дупките што се појавиле во Меѓународната вселенска станица се дело на нивните американски колеги и ги обвинија за саботажа.

Руските астронаути сега ќе се обидат да ја откријат причината за настанатиот проблем со дупките ѓто се појавиле и на руското вселенско летало „Сојуз“, проблем што се појавил уште во летото.

Рускиот екипаж има намера да ја прегледа и по можност целосно да ја санира штетата, а истовремено да земе примероци од местото каде што настанале дупките.

Сепак, руските официјални служби негираат дека станува збор за каква било саботажа и сметаат дека дупките веројатно настанале случајно за време на работењето со дупчалки во вселената.

Рускиот екипаж на почетокот го санирал проблемот со Меѓународната вселенска станица користејќи паста за заби. Тие успеале брзо да го спречат истекнувањето на кислородот поради што се намалил и притисокот во летачката лабораторија.

Официјалните руски служби сега изјавиле дека е безбедно за руските астронаути и нивните американски колеги да бидат во Меѓународната вселенска станица. Сепак, до денес останало прашањето која е причината за појавата на оваа дупка.

Рускиот космонаут Олег Кононенко и Сергеј Прокопев ќе имаат шестчасовна прошетка низ надворешната површина на „Сојуз“. За време на нивната мисија тие треба да земат примероци кои ќе ги најдат на местото на дупката и ќе ги однесат на анализа, пренесува „Индепендент“.

Кононенко пред полетувањето на руското летало „Сојуз“, изјавил дека ваквата мисија ќе биде страшен напор.

„Ќе биде психички и физички предизвик“, додал астронаутот.

Генералниот директор на „Роскомос“, Дмитириј Рогозин, изјавил во септември дека штетата најверојатно била предизвикана од влијанието на микрометеорит и дека специјална комисија работи на пронаоѓање на реалната причина за  дупката.

Рогозин ги демантирал медиумите кои пренеле дека тој ги смета Американците одговорни за настанатиот проблем и истакнал дека во прашање е само медиумски спин.

Текстот Руски астронаути ги обвинуваат Американците за дупките на Меѓународната вселенска станица е превземен од Reporter.mk.