САД со таен план за евакуација, ако се активира вулканот Јелоустон

Голем број на теоретичари на заговор стравуваат од можната ерупција на таканаречениот супервулкан под познатиот парк Јелоустон. Овој вулкан би можел да уништи голем дел од територијата и популацијата во САД, а американските власти подготвуваат спасувачка акција.

Нa африкански сајт се појави информација дека американските власти им понудиле на африканските власти десет милијарди долари годишно за привремено сместување на околу 300 милиони Американци.

Како локации за преселување се споменуваат Бразил, Австралија и Аргентина. За оваа ерупција пишувал и најпознатиот светски пророк Нострадамус. Неговите пророштва се забележани во неговите списи од 1555 година.

Тој пишува за вулкански оган и земјотрес кој ќе го зафатат „Новиот град“, кој претставува континентот кој Колумбо го открил пред Нострадамус го напише своето пророштво. Вулканот ќе предизвика силен земјотрес кој ќе се почувствува во сите градови во светот.

Многумина сметаат дека глобалните тензии и природните катастрофи можат да бидат знаци на катастрофа која Нострадамус ја предвидел пред 500 години. Овој пророк пишувал за крајот на светот, говорел за огромни планини кои исфрлаат пламен во морето.

Според толкувањето, теоретичарите на заговор сметаат дека тоа може да се однесува на Јелоустон. Ако вулканот во познатиот национален парк проработи, емисијата на сулфур-диоксид може да убие 87.000 луѓе, и поголемиот дел од САД да го направи непогоден за живот. Тоа би можело да доведе до драстични климатски промени ширум светот.

Но, според податоците на Геолошкиот завод на САД, изгледите за ваквата ерупција се минимални. Службите од оваа институција тврдат дека поголема е шансата Земјата да биде погодена од астероид кој ќе ја уништи целата цивилизација, отколку да настане ерупција на Јелоустон.

 

 

Текстот САД со таен план за евакуација, ако се активира вулканот Јелоустон е превземен од Reporter.mk.