Сакаат да го убијат Сноуден, американскиот шпион открива што му подготвуваат американските власти

Поранешниот службеник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден, кој е обвинет за шпионажа, затоа што објавил доверливи документи за програмата на шпионирање, вели дека се плаши за својот живот и открива дека веројатно американските служби се подготвуваат за негова ликвидација.

„Ако паднам од прозор, тоа ќе биде затоа што некој ме турнал“, изјавил Сноуден за „Шпигел.

Сноуден не крие дека сака да се врати во САД, но само во случај да му биде гарантирано фер судење.

Тој од 2013 година живее во егзил во Русија, а за американскиот CBS изјавил дека САД не дале согласност да му обезбедат минимум фер судење, што би му овозможило барем да се обиде да докаже дека неговото објавување на тајните документи е од јавен интерес.

Тој тврди дека американската администрација сака против него да покрене и поинаков процес кој ќе се разликува од судењето на обичен американски граѓанин.

„Сакаат да користат посебни процедури. Кога би можеле, би ја затвориле и судницата, за јавноста да не може да види и да слушне што се случува во неа. Не сакаат да користат ниту порота која би можела да ги разгледа мотивите за тоа, зошто направив некои работи“, вели Сноуден.
Американецот вели дека не е тешко да се докаже дека тој го прекршил законот со објавувањето на тајните документи во 2013 година, но тврди дека администрацијата не успеала да покаже дека со тоа, тој ѝ нанел штета на националната безбедност.
Сноуден претходно изјавил дека во 2013 година побарал азил и од француските власти, кога претседател беше Франсоа Оланд. Тогаш не добил, но сега се надева дека Емануел Макрон ќе му одобри.
Досега десет земји го отфрлиле неговото барање за азил. Сноуден напишал мемоари, кои денес ќе бидат пуштени во продажба во повеќе од 20 земји.

Текстот Сакаат да го убијат Сноуден, американскиот шпион открива што му подготвуваат американските власти е превземен од Reporter.mk.