Саудискиот принц го обвини Кашоги дека бил опасен исламист

Саудискиот крунски принц Мухамед бин Салман изјавил дека убиениот саудиски новинар Џемал Кашоги е опасен исламист. Како што пишуваат американските медиуми, тој тоа го рекол во телефонски разговор со Белата куќа.

Разговорот се случил веднаш по исчезнувањето на Кашоги, а пред Саудиска Арабија да го признае убиството, пренесува Би-би-си и додава дека Саудиска Арабија ги негирала тие пишувања.

Кашоги, кој бил дописник на „Вашингтон пост“, бил познат по критиките на саудиското семејство. Тој исчезнал на 2 октомври, откако претходно го посетил Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Саудиска Арабија, која признала дека тој е убиен во конзулатот, негира дека кралското семејство има каква било врска со тоа.

Текстот Саудискиот принц го обвини Кашоги дека бил опасен исламист е превземен од Reporter.mk.