Швајцарска фирма осомничена дека била постројка на ЦИА за шпионирање на 120 земји

Швајцарските власти соопшија дека отвориле истрага за наводите дека во зградата на компанијата „Зуг“, швајцарски производител за уреди за шифрирање, оперирала ЦИА и западногерманска извествачка служба, што им овозможило на двете агенции да ги разбијат шифрите на земјите кои ги користеле нивните производи.

Во истрагата што ја објавиле германската телевизија „ЗДФ“ и „Вашингтон пост“ на основа на документите на ЦИА и германската известувачка агенција BND, е откриено дека „Крипто АГ“, им донел заработка од милиони долари на овие две агенции, а истовремено им овозможил пристап на шифрирани комуникации на повеќе од 120 земји.

Ова се случувало со децении, пренесува „Асошиејтед прес“.

Главните противници на САД во студената војна, Советскиот Сојуз и Кина, никогаш не биле клиенти на „Крипт“, но меѓу клиентите биле Иран, Индија и Пакистан, како и воените хунти во Латинска Америка и Ватикан.

Меѓу останатото, „ЗДФ“ и „Вашингтон пост“ известиле дека посочените агенции ги контролирале речиси сите аспекти на делување на компанијата од 1970 година. Тоа им овозможило да ги надгледуваат иранските мули за време на кризата со заложниците во 1979 година и да им овозможат на британската тајна служба, податоци за аргентинската војска за време на Фокандската војна и да ги фатат либиските официјални лица, кои го славеле бомбардирањето на берлинскиот ноќен клуб „Ла Бел“, кој го посетувале американските војници во 1986 година.

Портпаролот на швајцарското Министерство за одбрана, Каролина Бохрен, изјавила дека по истражувањето кое го спровеле медиумите, нејзината канцеларија го известила кабинетот за случајот „Крипто АГ“, на 5 ноември 2019 година. Одлуката за именувањето на поранешниот врховен судија, кој треба да го прегледа извештајот до крајот на јуни, ќе биде донесена на 15 јануари.

„Настаните за кои се разговара, датираат од 1945 година и тешко е да се реконструира и интерпретира во денешен контекст“, изјавила таа.

„Крипто“ чии производи и понатаму се користат во повеќе од десетина земји, е ликвидиран во 2018 година. Две компании кои купиле повеќе негови производи, велат дека немаат врска со  каква било известувачка служба.

 

Текстот Швајцарска фирма осомничена дека била постројка на ЦИА за шпионирање на 120 земји е превземен од Reporter.mk.