Швајцарски банки и компании под истрага дека ги бојкотираат Sumsung и Apple

Швајцарскиот регулатор за заштита на пазарно делување, извршил истрага и проверка на неколку банки и компании во Швајцарија, кои ги сомничи за можен договорен бојкот на мобилниот систем на плаќање преку големите технолошки гиганти како „Самсунг“ и „Епл“ .

Регулаторите се сомневаат дека некои швајцарски компании и банки ги имаат прекршено правилата на пазарно делување, а нивната истрага ги опфаќа банката Credits Suissea, компаниите Aduno Holding, PostFinance, Swisscard AECS GmbH, швајцарската подружница Credit Suissea и банката UBS.

„Постои сомнеж дека компаниите договориле дека нема да им одобрат на своите клиенти да ги користат своите картички во системите на Apple Pay и Samsung Pay“, се наведува во соопштението на Комисијата за регулирање на пазарното натпреварување.

Од горенаведените копмании, кои се опфатени во истрагата порачале дека ваквите обвинувања на швајцарскиот регулатор се неосновани.

„Изненадени сме од истрагата и сме убедени дека ваквите тврдења на крајот ќе се покажат како неосновани“, порачале одговорните од банката Credits Suisse.

Во оваа банка надлежните тврдат дека нивните клиенти од Швајцарија имаат пристап до Apple Pay и Samsung Pay низ подружницата Swisscard. Од таму велат дека се во преговори и со Apple, Samsung и Google, за можностите за користење на нивните решенија. Од најголемата швајцарска банка потврдиле дека истрагата е во тек.

Во UBS исто така велат дека против нив се води истрага. Тие истакнуваат дека уште на почетокот на 2016 година, се обиделе да постигнат договор со Apple Pay, за користењето на кредитните картички, но безуспешно.

„Иако понудивме низа на алтернативни решенија, за жал не успеавме да постигнеме договор со Apple Pay за соработка“, изјавила портпаролката на оваа швајцарска банка.

Во Postfinanceu, која делува во системот на швајцарските компании за поштенски услуги, исто така нагласуваат дека не ги прекршиле швајцарските закони за заштита на рамноправниот пазарен натпревар. Од таму велат дека целосно ќе соработуваат со истражителите.

TWING AG е заеднички проект на водечките швајцарски банки, воспоставен за потребите на клиентите за дигиталното плаќање. Од банките порачале дека се запрепастени од пристапот на регулаторот.
Напоменуваат дека истражителите ги пребарале нивните канцеларии иако не се под истрага. Потсетуваат исто така дека претходно поднеле жалба против Apple поради кршење на правилата за рамноправен пазарен натпревар.
„Пред некое време TWINT побарал од комисијата за заштита на пазарното натпреварување да се истражи дискриминаторскиот однос на Apple кон TWINT бидејќи Apple оневозможува несметно користење на TWINT апликацијата на уредите на IOS“, истакнуваат од компанијата.
„Се очекува WEKO наскоро да ја донсе одлуката во тој предмет“, додаваат од таму.
Портпаролот на Apple во Швајцарија не бил достапен за коментар на тврдењата на TWINT.

Во Швајцарија граѓаните слабо плаќаат преку мобилните телефони

„Apple Pay влезе на швајцарскиот пазар во 2016 година, истата година кога е покренат TWINT кои засега нема осигурано поголем удел во швајцарскиот пазар со услугите на плаќање“, пренесува Ројтерс.

Во април од TWINT известија дека со мобилните плаќање во Швајцарија засега не се поврзала како во другите земји. Проценуваат дека плаќањата преку мобилни го чинат само 0,2% од вкупните платежни трансакции.

Текстот Швајцарски банки и компании под истрага дека ги бојкотираат Sumsung и Apple е превземен од Reporter.mk.