Следната пандемија ќе стигне од прашума, слично како и со ХИВ вирусот и еболата

Следната пандемија со која човештвото би можела да се соочи, доаѓа од амазонска прашума, предупредува бразилскиот еколог Давид Лапола. Тој предупредува дека човекот, со претераната сеча на дрва и уништувањето на живеалиштата на животните, ги поминува сите граници, пренесува српски Курир.

Научниците велат дека урбанизацијата на дивината, допринесува за појава на зоонотски болести, оние кои од животните преминуваат на луѓето. Тоа вклучува и нови коронавируси, кои најверојатно преминал од лилјак на човек во кинеската покраина Хубеи.

Лапола порачува дека човечката активност ги преобликува екосистемите на тропските шуми и тврди дека истите процеси се случуваат во Амазонија.

„Амазонија е огромен резервоар на вируси. Подобро да не ја си ја пробуваме среќата“, изјавил Лапола.

Најголемата светска прашума исчезнува со голема брзина, а дефорестацијата на Амазонија, значително пораснала минатата година, првпат за време на претседателскиот мандат на десничарот и климатскиот скептик Жаир Болсонаро, кој сака да ги отвори некогаш заштитените домородски подрачја за развој на рудата и земјоделството.

Трендот продолжил и оваа година, па, според податоците на бразилскиот Национален институт за истражување на вселената, од јануари до април биле избришани 1200 квадратни километри од шумата, што претставува нов рекорд за еден квартал.

Слично се случило и со појавата на вирусот ХИВ, еболата и грозницата денга.

„Тие вируси се појавиле и рашириле поради еколошката нерамнотежа“, вели Лапола.

Досега, повеќето такви епидемии биле концентрирани во јужна Азија и Африка.

„Големиот биодиверзитет на Амазонија, би можел да го претвори регионот во најголем светски базен на коронавирус“, изјавил Лапола, мислејќи на коронавирусот генерално, а не само на причините за постоечката пандемија.

 

 

Текстот Следната пандемија ќе стигне од прашума, слично како и со ХИВ вирусот и еболата е превземен од Reporter.mk.