Смртта на пронаоѓачот на автомобил на вода останува мистерија до ден денес

Едно од технолошките чуда, автомобилот со погон на вода, ја црпи својата енергија директно од водата и не бара ништо повеќе за да функционира. За жал, капитализмот се погрижи овој автомобил никогаш да не биде достапен до масите народ.

Ако автомобил со погон на вода стане достапен, компаниите за гориво и нафтените индустрии набрзо би биле бескорисни, а губитоците би изнесувале милијарди долари секоја година. Поради тоа нафтените и гасните корпорации лобираат против масовното производство на ова возило.

Постојат многу случаи кои големите нафтени корпорации го загушија растот на автохтони индустрии кои промовираат алтернативни извори на енергија.

Овие корпорации се обиделе да го прекинат она што може да биде модерна роба со големи предности за животната средина. Во Осаки 2008 година, произведувач на автомобил Genepaks го претставил својот автомобил на погод на вода кој работи и на вода од чешма, флаширана или вода од езеро. Набрзо потоа оваа технологија го доби својот патент.

За жал, околу година дена подоцна, откако овој автомобил беше откриен, компанијата е затворена под мистериозни околности. На светот му било соопштено дека е затворена поради недостаток на средства. Неколку години претходно, жител на Охајо, Стенли Мајер, изумил сличен автомобил на погон на вода. Иако локалните новински станици во Охајо известувале за тоа, набрзо се паднало во заборав.

 

По малку истражување, откриено е дека Стенли бил тужен од страна на неговите инвеститори изјавувајќи дека нема ништо револуционерно по прашањето на овој уред и дека тој едноставно работел на принцот на обработка на електролит. Тој е осуден и обележан како измамник, а неговата технологија минала низ неколку рунди на истрага од страна на инвеститорите, американското Министерство за енергетика и американското Министерство за одбрана.

Додека неговата технологија и понатаму го чека патентот, во 1998 година, Мејер починал додека бил во ресторан. Неколку луѓе кои му биле блиски тврдат дека бил отруен. Според зборовите на неговиот брат, Стенли починал откако испил сок од боровница. Потоа се фатил за врат, излегол брзо низ вратата, паднал на колена и нагло повратил.

„Излегов надвор и го прашав што не е во ред. Ми рече дека го отруле. Тоа беа неговите последни зборови“, вели братот на Стенли.

Иако сеуште е неискористена, водата е совршен извор на гориво. Низ електролизата, молекулите на водата се делат на два компоненти, атом и оксидир како гориво. Ова гориво обезбедува енергија која е 1,5 пати посилна од бензинот.

 

 

Текстот Смртта на пронаоѓачот на автомобил на вода останува мистерија до ден денес е превземен од Reporter.mk.