Сорос им помагал на нацистите и желба му е да ја наполни Будимпешта со бегалци

Мултимилијрдерот Џорџ Сорос има голем број непријатели во светот, кој го напаѓаат начинот на кој тој го стекнал своето богатство. Многу теоретичари на заговор го обвинуваат Сорос дека им помагал на нацистите, за тоа дека сакал Будимпешта да ја наполни со бегалци, да започне граѓанска војна во САД и многу други работи.

Ова се само некои од обвинувањата упатени кон Сорорс, 88 годишниот милијардер за кој, светската јавност знае многу малку. Сорос некогаш го основал најголемиот хеџ фонд „Квантум“, а откако со своите синови го оставил во 2011 година, тој се фокусирал на својата лична цел.

Создавање на отворено друштво со поддржување на одредени, различни прогресивни политичари. Сорос е роден како Џерд Шварц во еврејско семејство во Будимпешта на 12 август 1930 година. Подоцна своето презиме го менува во Сорос. Користејќи лажни лични карти, тој успева да ја преживее нацистичката окупација.

Сорос и неговото семејство остануваат во Будимпешта за време на окупацијата на нацистите во периодот од 1944 година, до 1945 година, пишува „Бизнис инсајдер“.

Побегнале во Лондон

Сорос со семејството Унгарија ја напушта во 1947 година. Тие бегаат во Лондон кога во земјата влегле Русите. Таму  работел како конобар во ноќен клуб и носач на железница.

Се запишал во школо во Лондон по економија, кое го завршил во 1954 година. Две години потоа се преселил во Њујорк. и добил работа на берза. Најголемиот хеџ фонд на светот бил во неговите раце, а подоцна самиот тој станал најголемиот хеџ-фонд на светот.

Набрзо потоа станал милијардер кој тежел преку 8,3 милијарди долари.

Финансиски успех = независност

„Мојот успех на финансискиот пазар ми даде големо ниво на независност. Повеќе отколку на други луѓе“, изјавил Сорос.

Во 2011 година Сорос станал пензионер и контролата ја предал во рацете на своите синови. Им вратил милијарда на инвеститорите и основал семејна канцеларија за да управува со семејното богатство и приходите во фондацијата.

Богатство во недвижности

Три пати бил во брак, прв пат со Анализ Витчак од 1960 година до 1983 година. Потоа со историчарката Сузан Вебер од 1983 година до 2005 година. Со својата сегашна сопруга Тамико Болтон, се венчал во 2013 година. Има пет деца.

Сопственик на куќа и два стана на Менхетен

Неговото семејство има неколку куќи, вклучувајќи и имот во Саутемптон, каде милијардерот организирал прослава на својот 80. роденден во 2010 година. Имал и стан на Менхетен, додека бил во брак со својата поранешна сопруга Сузан Вебер. Сопственик е и на куќа со два стана на Менхетен, на 5. авенија, со поглед кон Централ Парк.

Исто така е сопственик и на стамбен комплекс во Катона.

Обид за убиство со бомба

Во домот на Џорџ Сорос била испратена бомба на 23. октомври 2018 година, како и во домот на Хилари Клинтон, поранешниот претседател на Барак Обама, поранешниот главен обвинител Ерик Холдер, конгресменката Максин Вотерс и Џејмс Клапер.

Бомбите се детонирани и никој не е повреден. Сорос често го критикуваат конзервативците поради големата соработка и поддршка која ја добива од либералните политичари во САД, Унгарија, Русија. Сам за себе вели дека е Евреј агностик.

Поголемиот де од критиките на сметка на Сорос кој му стигнуваат од медиумите и од политичките луѓе е антисемитски. Тој се обидува да го замолчи милијардерот со закон „Стоп Сорос“.

Орбан го донесе законот Стоп Сорос

Сорос се нашол на рекламите огласи кои ги спонзорира десничарската унгарска влада, која го обвинила милијардерот дека работел на доведување на муслиманските мигранти во Унгарија. Премиерот Виктор Орбан се залагал законот „Стоп Сорос“, кој бил наменет да ги замолчи неговите критичари, вклучително и Сорос.

Во САД го обвинуваат теоретичарите на заговор тврдејќи дека се обидел да започне граѓанска војна и дека го финансирал насилството на протестите на Unite the Right во Вирџинија во 2017 година.

Често го обвинуваат за соработка со нацистите за време на Холокаустот. Сорос одговорил дека таквите обвинувања многу му сметаат и ги нарекол целосна измислица.

„Што е поголема опасност, тоа е поголема закана и повеќе чувствувам потреба да се спротивставам“, изјавил Сорос.

Негови комбинации на берзата предмет на осуда

Некогаш го нарекувале човек кој ја срушил британската национална банка откако заработил милијарда долари кладејќи се против британската фунта, во 1992 година во настан запишан во историјата на Велика Британија како „црна среда“.

„Свесен сум дека се против идејата за која се залагам“, изјавил Сорос, говорејќи за своите противници кои му даваат сила и гориво да се бори за она во кое што тој верува.

Милијардерот многу од парите средства за она во кое што верува, вклучувајќи ја и политиката. Сорос потрошил најмалку 25 милиони долари на мобилизација на гласачите за да ѝ помогне на Хилари Клинтон и останатите демократи во текот на изборите во 2016 година. Нејзиниот пораз ја изненадил.

Хилари изгубила затоа што изборите ги гледала од високо

„Се чини дека самиот живеев во својот балон“, изјавил Сорос и додал дека Хилари ги изгубила изборите затоа што била како учителка и на луѓето им зборела од високо, наместо да ги сослуша.

Неуспешно ги поддржал неколкуте кандидати за време на изборите на половина од мандатот на американскиот претседател во 2018 година.

Трамп го нарекол нацист

Трамп го нарекол нацист кој смета дека целата моќ е во неговите раце. Биле пријатели со децении, пред да пристигне во Белата куќа. Времето го минувале во куќа на заеднички пријател.

„Не знаев дека има политички амбиции, но не ми се допаѓа неговото деловно однесување“, вели Сорос.

Сорос јавно не кажа кого ќе поддржи на изборите во 2020 година, но изјавил дека сигурно нема да ја поддржи сенаторката од Њујорк Кристен Гилибранд. Милијардерот се противеше и на американската инвазија на Ирак во 2003 година.

Сорос не бил отсекогаш либерал. Тој ги поддржувал републиканските кандидати, сè до инвазијата на Ирак во 2003 година. Основач е и претседател на Фондацијата Отворено општество и финансиски им помага на невладините организации, оние кои се залагаат за образование, човекови права и низа на други проекти.

Филантропијата почнала да го интересира во 1979 година, кога ја основал стипендијата за Афроамериканците за време на апартхејдот.

Нападите на Сорос во Унгарија се толку остри што тој најавил дека седиштето од Будимпешта, ќе го префрли во Берлин. Средноевропскиот универзитет, кој го основал Сорос, планира да го пресели од Будимпешта во Виена.

Путин го исфрлил од земјата

Од Русија неговата фондација во 2017 година ја исфрли рускиот претседател Владимир Путин. Таму Сорос покренал низа на програми, меѓу кои и оној против мачењето.

„Се меша во многу работи ширум светот. Но, Стејт департментот ќе ви каже дека тоа нема врска со никакво мешање, туку дека тој се занимава со свои лични работи“, изјавил Путин.

Сорос е автор на 14 книги на различни теми, од ЕУ до глобална финансиска криза.

„Јас сум филантроп. Некои можеби мислат дека сум љубовник. Мојата филозовија е едноставна. Сакам да заработувам многу пари, за да можам и да дадам многу пари“, изјавил Сорос пред 350 гости на прославата на својот 80. роденден.

Текстот Сорос им помагал на нацистите и желба му е да ја наполни Будимпешта со бегалци е превземен од Reporter.mk.