Спречен атентат врз претседателот на Колумбија

Колумбиските власти успеале да спречат атентат на претседателот на државата Иван Дуке. Според пишувањата на „Ројтерс“, Дуке требало да се состане со лидерите на автохтона заедница, со цел да ја реши 27 дневната блокада која довела до недостиг на плин и храна на југозападот на земјата.

„Имаме доверливи информации дека за време на состанокот со лидерот на племето „Кауча минг“, вооружените групи кои се инфилтрирале во една од локалните организации, сакале да изведат терористички напад кој би можел да ја загрози безбедноста на претседателот Дуке“, изјавил обвинителот во оваа земја.
Колумбиската автохтона заедница блокирале автопат во близина на провинцијата Кауча, барајќи од владата во оваа земја да ги потврдат претходно договорените социјални инвестиции.
Имало и протест во кој се убиени две лица, додека осум лица загинале во експлозија на рачно направени бомби. Владата претпоставува дека меѓу демонстрантите се инфилтрирани и припадници на две герилски групи ELN и Farc.

Текстот Спречен атентат врз претседателот на Колумбија е превземен од Reporter.mk.