Странски служби упаднале во мрежата на шпанското министерство за одбрана

Компјутерски вирус месецов го заразил интернатот на шпанското Министерство за одбрана, со цел да бидат украдени високотехнолошки воени тајни, пишува мадридски „Паис“, повикувајќи се на извори кои ја водат истрагата под сомнение дека странска сила стои зад овој сајбер напад,

Портпаролот на министерството за одбрана изјавил дека нема да ги коментираат ваквите наводи, пренесува „Ројтерс“. „Паис“ во вторникот пренел дека вирусот влегол преку емелј-пошта и за прв пат е забележан на почетокот на март. Со месеци останал неоткриен во интернатот, во кој има повеќе од 50.000 корисници.

Иако доверливите информации не се наоѓаат на мрежата, весникот наведува дека неговите извори се загрижени за негово ширење на другите мрежи со цел пристап на информации во врска со тајната воена технологија.

Истрагата треба да утврди кој е одговорен за сајбер нападот, но извори за весникот изјавиле дека ваквата операција е премногу технички сложена да се изведе за „обични хакери“ и дека сигурно некоја држава стои зад оваа акција.

 

 

Текстот Странски служби упаднале во мрежата на шпанското министерство за одбрана е превземен од Reporter.mk.