Телохранителот на Черчил на смртната постела открил тајна за НЛО

Голем број теоретичари на заговор тврдат дека Винстон Черчил наредил специјален тим да го истражи зголемениот број пријавени летечки чинии на небото, но дека резултатите од овие истраги бие скриени.

Черчил основал специјален тим познат како работна група за летачки чинии со цел да го провери зголемениот број пријави на НЛО.

Во официјалниот извештај се наведува дека во многу случаи ималo објаснувања за чудните објекти над американскиот град Вашингтон, кои биле забележани од неколку воени радари. Теоретичарите на заговор тврдат дека овој извештај бил скриен и дека пилоти на РАФ од Велика Британија забележале неидентификувани летечки објекти.

Оваа теорија го поттикнала наводното признание на личниот телохранител на Черчил, кој на смртна постела говорел за ваквите бизарни настани во кои биле вклучени два пилоти на РАД. Истите пријавиле средба со мистериозно летало, познато како foo fighters. Овој настан се случил во периодот кога на Втората светска војна ѝ се приближувал крајот.

Foo fighters бил термин што го користеле сојузничките пилоти во Втората светска војна за да опишат НЛО и разни мистериозни воздушни феномени како што се огнената топка, кои ги следеле воените авиони за време на борбите на небото над Европа и Пацификот.

Воените официјални лица претпоставувале дека foo fighters всушност претставувало германско тајно оружје. Но, поради тоа што истото било забележливо и по завршувањето на војната, па дури и до ден денешен, многумина ја оспоруваат ваквата теорија.

Во јули 1952 година борбените авиони на американското воздухопловство забележале неколку неидентификувани објекти кои летале во забранетата зона над Белата куќа, предизвикувајќи паника во јавноста. Иако тоа се случило во САД, Черчил сакал да дознае повеќе за тоа и за импликациите кои би можела да ги има Велика Британија.

Черчил на 28 јули 1952 година испратил меморандум до својот државен секретар Лордот Червел во кој побарал истрага за тоа што се случило во САД.

Лордот Червел покренал работна група за летачките чинии со цел да ги пронајде одговорите. Оваа тајна група била воспоставена две години претходно за да ги прегледа пријавите за забележаните НЛО. Групата не успеала во целост да ги исклучи леталата со вонземјанско потекло, развиени од страна на непознати суштества.

Но, објаснувањето било дека ваквите појави биле вообичаени за пилотите, кои постојано забележувале балони, птици или други природни појави, оптички илузии, намерни измами или психолошки заблуди. Но неколку години подоцна, во 1999 година дебатата за учеството на Черчил во НЛО-феномените повторно се појавила.

Внук на пензиониран офицер на РАФ напишал писмо до Министерството за одбрана, барајќи да се истражи инцидентот за кој Черчил наводно забранил истрага. Станувало збор за НЛО-средбите на источниот брег на Англија. Офицерот на РАФ, за кој се смета дека бил личен телохранител на Черчил, на својата смртна постела му признал на својот внук дека до извидувачкиот авион на РАФ, кој се враќал од мисија над окупираната Европа, прелетал „метален НЛО“.

Се тврдело дека екипажот на авионот го фотографирал објектот, за кој било соопштено дека бесшумно лебдел покрај авионот. Во тоа време оваа мистериозна средба го привлекла вниманието на Черчил, а тој наредил деталите од оваа средба да останат класифицирани најмалку 50 години и дека можат да се објават само по прегледот на идните премиери.

Черчил сметал дека веста за вонземјаните би можела да ја уништи верата во Бога и да предизвика немири и масовна паника.

Наводно тогаш наредил: „Ова би требало веднаш да се класифицира затоа што тоа би предизвикало масовна паника меѓу општата популација и би ја уништило вербата во црквата“.

Теоретичарите на заговор тврдат дека естаблишментот од тогаш морал да ги крие и уништи сите записи за овој инцидент. Не постои евиденција за овој настан, или какви било наредби на Черчил, а Министерството за одбрана вели дека сите НЛО-фајлови од пред 1967 година се уништени.

Џејсон Чапман, кој напишал неколку книги за меморандумот на Черчил, изјавил: „Министерството за одбрана во минатото покажало дека е способно да скрие голем број инциденти“.