Телохранителот на Мохамед ал Фаед по секоја цена сакал да го обвини кралското семејство за смртта на принцезата Дајана

Личниот телохранител на египетскиот милијардер Мохамед ал Фаед, Џон Мекнамура, сакал по секоја цена да докаже дека кралското британско семејство стои зад смртта на Доди ал Фаед и принцезата Дајана, тврди британски новинар Том Боуен за „Дејли мејл“.

Боуен минатата недела ги открил намерите на Мекнамура кој починал неколку дена претходно на 88-годишна возраст. Боуен вели дека бил близок пријател со Мохамед и дека тој имал дозвола од него да прави интервјуата со неговиот персонал низ хотелите.

Боуен вели дека Мекнамура работел како поранешен шеф во Скотланд јард, во одделот за измами и немал потешкотии да обезбеди лажни докази и сведоштва кои ќе ја замешаат кралицата, принцовите Чарлс и Филип, како и тајната британска агенција МИ6, во несреќата во која загинаа Доди и Дајана во 1997 година.

Мекнамара барал причина за несреќата и почнал да шири лажни вести за нејзината бременост и дека тоа било мотивот за нејзиното убиство. Тој ангажирал и француски полицајци за да докажат дека МИ6 стои зад заговорот и дека британската агенција постапила според упатствата на кралското семејство.

„Мекнамара ја измисли и приказната за белиот ‘фиат уно’, кој во тунелот намерно удрил во ‘мерцедесот’ во кој беа Дајана и Доди“, вели Боуен.

Мекнамара се обидел да дојде до лажно сведоштво од реномиран паталог, со чија изјава требало да се докаже дека возачот на Дајана, Анри Пол, не бил пијан таа вечер.

„Се обиде да обезбеди изјава од шкотскиот патолог и професор Питер Ванезис. Преку него сакаше да докаже дека Пол не беше пијан таа вечер. Тоа подоцна француската полиција го негираше. Во неговата крв нивото на алкохол беше трипати поголемо од дозволеното. Ванезис тоа го негираше иако не беше во можност да го прегледа телото“, тври Боуен.

Откако Боуен се вратил во Лондон, почнал да ја истражува неавторизираната биографија на Доди Фаед и вели дека се вчудовидел кога сфатил дека Мекнамара со месеци, па дури и години по смртта на Дајана, се шетал низ Европа, трагајќи по сведоци и таканаречени експерти за да го докаже апсурдното тврдење дека кралското семејство организирало заговор за убиство против принцезата Дајана.

„Мекнамура беше мајстор за уцени, лажирања, корупции, закани со насилство и слично. Тој ширеше лаги и измислени приказни за тоа дека принцот Филип и МИ6 се здружиле за да ја убијат Дајана и Доди и да го спречат нивниот брак“, вели Боуен.

Текстот Телохранителот на Мохамед ал Фаед по секоја цена сакал да го обвини кралското семејство за смртта на принцезата Дајана е превземен од Reporter.mk.