Тим на научници во потрага по мистериозно исчезнати авиони

На средината на јули 1942 година, исчезнале шест воени авиони од типот lokhid P-38 и два бомбардери B-17, кои биле поддршка за сојузниците во војната на британските острови.

Поради опасното време, авионите морале итно да слетаат на заледената површина Гренланд. Слетувањето било успешно, а сите членови на екипажот биле спасени девет дена подоцна. Авионите останале на местото каде слетале. По неколку децении, ледената покривка која постојано ја менувала дебелината и изгледот, ги покрила авионите кои од тогаш, се нарекуваат со заеднички име „изгубена ескадрила“.

50 години подоцна, во 1992 година, една експедиција која пристигнала да види што се случува со авионите, била вчудоневидена кога не ги пронашла на местото каде слетале. Авионите ичезнале, а еден од нив е пронајден на длабочина од стотина метри под ледената покривка.

Пет Епс и Ричард Тејлор од Атланта со години трагале по исчезнатите авиони. За прв пат во 1988 година откриле еден од нив, благодарение на радарската технологија. Авионот е пронајден две милји подалеку од локацијата на која пилотите го оставиле и бил покриен со лед дебел 80 метри. Станува збор за P-38, кој успеале да го откопаат и обноват, за повторно биде оспособен за летање. Го нарекле Glacier Girl.

Сега сакаат да ги пронајдат и останатите авиони. Акцијата ја води непрофитна организација „Арктик хот поинт солушн“, чии членови откриле уште еден P-38.

Трагите од другиот авион за прв пат се откриени во 2011 година, кога екипа го пребарала подрачјето со радар. Претходно оваа година, тимот се вратил поради вградениот нов радар кој бил поставен на дрон за ефикасно ги пребараат воените бродови од Втората светска војна.

Со помош на термална сонда тие успеале да го пронајдат авионот. Сондата успеала да открие и да следи челична цевка долга околу 75 метри. Со неа се обиделе да допрат до објектот и да се убедат дека станува збор за авион. Тимот бил изненаден кога откриле еден од исчезнатите авиони.

„Кога ја извлековме сондата назад на површината, на неа откривме траги од хидраулично масло, какво што го користеле авионите и тоа е доволен доказ“, вели Џим Салазар.

Тој судбоносен ден 1942 година, со авионот „ехо“ пилотирал Роберт Вилсон. Тимот планира да се врати следното лето и да почне со извлекување на другиот P-38. И овој пат ќе користат големи плочи за греење, за да направат тунел до авионот, а потоа работниците околу него со топла вода, ќе направат пештера. P-38 ќе го расклопат на парчиња и ќе го пренесат на површината.

Истражувањето нема да заврши тука. Под ледот се наоѓаат уште четири летала од изгубената ескадрила, а тие не се единствените кои останале под ледената покривка. Тука има уше неколку авиони, кои во текот на Втората светска војна летале над Гренланд кон Америка и обратно. Само 20 милји од местото каде се наоѓа изгубената ескадрила, тимот и понатаму ја бара својата примарна мета, авионот Груман J2F Dak. Се верува дека во него сеуште се наоѓаат тројцата членови на екипажот.

Текстот Тим на научници во потрага по мистериозно исчезнати авиони е превземен од Reporter.mk.