Томас Маркл: Дозволете да зборувам со ќерка ми, или ќе откријам сè

Таткото на Меган Маркл побара од кралското семејство да му дозволат да биде дел од животот на неговата ќерка затоа што смета дека таа е несреќна со нив. Во спротивно Томас Маркл се закани дека ќе продолжи да зборува со медиумите и ќе открие многу работи кои не ѝ се познати на јавноста.

Томас Маркл вели дека едноставно сака да се смири со својата отуѓена ќерка.

„Јас молчев цела година и печатот секојдневно пишуваше за мене дека се кријам во Мексико. Тогаш им ја раскажав мојата приказна. Очигледно тоа интервју предизвика режим на тишина кај кралското семејство. Потоа дадов уште едно интервју за да ја прекинам тишината. Сè што треба да направат е да дозволат да разговара со мене“, изјавил таткото на Меган Маркл.

Тој во последните неколку месеци дал бројни интервјуа, вклучувајќи ги и оние платените во кои открива дека ќерка му не му возвраќа на повиците повеќе од два месеци. Томас се сомнева дека ќерка му е несреќна со кралското семејство.

Текстот Томас Маркл: Дозволете да зборувам со ќерка ми, или ќе откријам сè е превземен од Reporter.mk.