Трамп проговори за лажната Меланија, заговорниците убедени дека првата дама има двојник

Американскиот претседател Доналд Трамп ги демантирал пишувањата дека со него во Алабама била двојничка на неговата сопруга Меланија. Претседателот тврдел дека фотографиите од неговата сопруга кои биле направени за време на посетата на Алабама, биле изменети за да изгледа дека со него била двојничка на првата дама.

Трамп и Меланија минатата недела беа во посета на семејствата чии домови настрадаа од торнадо. Трамп за ТВ емисијата „Фокс и пријатели“ објасни дека се во прашање ширење на лажни вести, што се однесува до случајот со двојничката на неговата сопруга.

Трамп објасни дека станува збор за фотошопирани фотографии и дека авторите на лажните вести, со време ќе станат се повеќе и повеќе понападливи.

Коментаторите на социјалните мрежи, минатата недела пишуваа дека на фотографиите од Алабама, Меланија била пониска од претседателот Трамп и тоа покажува дека станува збор за нејзина двојничка.

Текстот Трамп проговори за лажната Меланија, заговорниците убедени дека првата дама има двојник е превземен од Reporter.mk.