Трамп тврди дека ЦИА нема докази за убиството на Кашоги

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Централната известувачка агенција на САД, ЦИА, нема докази дека саудискиот принц Мухамед бин Салман го нарачал убиството на новинарот Џемал Кашаги.

Саудискиот новинар беше убиен на 2 октомври во конзулатот во Истанбул. Бројни официјални лица изјавиле за американскит медиуми дека неговото убиство не можело да мине без одобрение на принцот.

Саудиска Арабија тврди дека станува збор за операција во која и самите тие биле измамени.

„Тие не донеле конечен заклучок и го обвинија принцот. Имаат неккави назнаки, но не знам дали некој е способен да го обвини принцот престолонаследник. Но, без разлика на тоа дали го направил или не, принцот жестоко ги негира ваквите обвинувања, исто како и неговиот татко“, изјавил Трамп.

Весникот „Хиријет“ пренесе дека ЦИА поседува снимка од телефонскиот разговор во кој саудискиот принц му наредува на својот брат да го убие Џемал Кашоги, колку е можно побрзо.

Весникот „Вашингтон Пост“ исто така од неименуван извор, откри дека ЦИА е убедена дека принцот Бин Салман го наредил убистото на Кашоги.

Тој од друга страна убиството го оцени како злостор кој не може да се оправда и најави дека виновниците ќе бидат казнети. Истрагата за убиството на Кашоги и понатаму трае.

Чавушоглу: Трамп има намера да замижи на убиството на Кашоги

Турските власти оцениле денес дека изјавата на американскиот претседател за убиството на новинарот Џемал Кашоги укажува на тоа дека Доналд Трамп има намерад да ги затвори очите пред целиот случај.

„Трамп на некој начин сака да ги затвори очите пред убиството на саудискиот новинар“, изјавил шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу во изјавата за телевизијата Си-Ен-Ен-Турк.

Кашоги, кој работел и како колумнист во весникот „Вашингтон пост“ е убиен на 2 октомврi во саудискиот конзулат во Истанбул, каде заминал по документите за венчавање со турското државјанство.

Убиството во голема мера ја расипало сликата на Саудиска Арабија и престолонаследникот Мухамед бин Салман, за кого многумина сметаат дека е одговорен за ваквиот злостор.

 

Текстот Трамп тврди дека ЦИА нема докази за убиството на Кашоги е превземен од Reporter.mk.