Трамп во контакт со конгресмени заразени со коронавирус

Теоретичарите на заговор се сомневаат дека и Доналд Трам може да е заразен со коронавирус. Причината за тоа е што според нив Трамп досега  бил во контакт најмалку со два конгресмени кои неодамна се нашле во карантин поради опасниот вирус.

Конгресмените претходно учествувале на конференција на која имало луѓе позитивни на коронавирусот.

Медиумите пренесуваат дека конгресменот Мет Гец патувал во претседателскиот авион со кој Трамп се враќал во Вашингтон. Мет претходно објавил дека пред 11 дена бил во контакт со лице кое е позитивно на коронавирус.

Вториот републикански конгресмен, Даг Колинс, кој во петокот се состанал со Трамп, изјавил дека ќе остане доброволно во карантин, иако ги нема симптомите, иако на крајот на февруари бил изложен на коронавирус.

И покрај овие тврдења од Белата куќа велат дека Трамп наводно немал подолг контакт со лице позитивно на вирусот.

„Претседателот Трамп досега не е тестиран на COVID-19, затоа што немал подолг близок контакт со лице кај кое е потврден овој вирус. Претседателот не покажал никакви симптоми на коронавирусот“, изјавила портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам, пренесе „Ројтерс“.

 

Американските медиуми пренесуваат дека Трамп побарал даночни олеснувања поради коронавирусот. Тој соопшти дека неговата администрација ќе побара од Конгресот да ги усвои даночните олеснувања на платите и другите итни мерки, поради ширење на коронавирусот.

Трамп изјавил и дека ќе побара помош и за работниците кои се платени на час, за да се осигура тие да не бидат казнети за нешто за што не се виновни, пренесува „Асошиетед прес“.

Трамп ваквата иницијатива ја изнесе откако американските акции на берзите нагло паднаа за време на ширењето на коронавирусот. Трамп вината за наглиот пад на цените на американските акции, кој се случи за време на намалувањето на побарувачката за нафта, поради епидемијата на коронавирусот, ја препиша на борбата меѓу Саудиска Арабија и Русија за пазарниот удел, како и на лажните вести, не прецизирајќи на кои вести мисли.

Текстот Трамп во контакт со конгресмени заразени со коронавирус е превземен од Reporter.mk.